Ласерски печатачи кои поддржуваат печатење од мобилни уреди

Canon нуди широка палета на решенија за ласерско печатење и скенирање наменети за таблет уреди и паметни телефони за SME и мали работни групи. Без разлика дали станува збор за локална мрежа или Cloud услуги, Canon нуди решение кое ќе ви одговара.

Одредени ласерски печатачи поддржуваат Apple® AirPrint™ и Mopria™, како и апликацијата Canon PRINT Business која овозможува печатење и скенирање од мобилни уреди во вашата локална мрежа. Исто така, со помош на Google Cloud Print кој е достапен на одредени модели, ќе можете да печатите од вашиот компјутер или мобилен уред преку Cloud услугите.