1. ПРОМОТОР И УЧЕСНИЦИ
1.1 Промоторот е Canon Europa N.V, со седиште на Bovenkerkerweg 59, 1185 XB, Amstelveen, The Netherlands („Canon“). Секоја компанија, филијала, партнерство или друг субјект коишто повремено се контролирани или се наоѓаат под општа контрола на Canon ќе се нарекуваат „подружници на Canon“, а Canon и подружниците на Canon заедно ќе се нарекуваат „групација Canon“.
1.2. Сите натпреварувачи („учесници“) мора да се аматерски фотографи, кои се жители на Германија, Австрија, Швајцарија, Франција, Шпанија, Португалија, Италија, Норвешка, Шведска, Данска, Финска, Обединето Кралство, Ирска, Холандија, Белгија, Луксембург, Естонија, Латвија, Литванија, Исланд, Чешка, Унгарија, Полска, Словачка, Јужна Африка, Бахреин, Иран, Ирак, Јордан, Кувајт, Либан, Оман, Катар, Саудиска Арабија, Сирија, Обединети Арапски Емирати, Јемен, Алжир, Бенин, Буркина Фасо, Бурунди, Камерун, Зелен ‘Рт, Централноафриканска Република, Чад, Комори, Демократска Република Конго, Џибути, Египет, Екваторска Гвинеја, Еритреја, Етиопија, Габон, Гана, Гвинеја, Гвинеја-Бисао, Брегот на Слоновата Коска, Кенија, Либерија, Либија, Мали, Мавританија, Мароко, Нигер, Нигерија, Република Конго, Руанда, Сао Томе и Принсипе, Сенегал, Сиера Леоне, Сомалија, Јужен Судан, Судан, Танзанија, Гамбија, Того, Тунис, Уганда, Западна Сахара, Бугарија, Хрватска, Кипар, Грција, Малта, Романија, Словенија, Србија, Македонија, Украина, Босна и Херцеговина, Израел, Узбекистан, Азербејџан, Ангола, Боцвана, Лесото, Мадагаскар, Малави, Маврициус, Мајот, Мозамбик, Намибија, Реинион, Света Елена, Сејшели, Есватини, Замбија, Грузија, Молдавија, Казахстан и Зимбабве и да бидат на возраст од 18 години или постари.
1.3. Професионални фотографи или лица коишто заработуваат над 20 % од годишниот приход од фотографирање и вработените на Групацијата Canon, нивните семејства, агентите и други страни коишто се директно вклучени во натпреварот, како и спонзорите, немаат право на учество.
1.4. Со учеството во натпреварот, сите учесници се смета дека се согласуваат со правилата и условите освен ако не бидат поинаку известени по писмен пат.