Објективи за DSLR

Canon EF 17-40mm f/4L USM

Лесен објектив за зумирање од серија L со извонредно широк агол, кој е идеален придружник за патување.

Придобивки

  • Величествени оптички перформанси ширум целиот опсег на зумирање.

  • Најголема брзина на AF во својата класа (исто како EF16-35 f/2.8L USM)*

  • Висока отпорност на прав и влажност

  • 28cm минимално растојание на фокусирање во сите фокални должини

Детални карактеристики

  • Ултра-широк објектив за аналогни EOS SLR фотоапарати

    EF17-40mm f/4L USM е Canon EF објектив со зумирање, со широк агол, наменет за професионални и високо аматерски корисници на SLR EOS фотоапарати.

  • Стандарден објектив за дигитални EOS SLR фотоапарати

    Покрај тоа што е одличен објектив кога се користи со аналоген SLR фотоапарат, EF17-40mm f/4L USM е особено погоден за дигитални SLR фотоапарати, со сензор за работа со слики помал од 35mm формат. Секако, на такви дигитални SLR фотоапарати овие фокални должини можат да дадат агол на гледање од приближно еквивалентен на оној на 28-70mm објектив на 35mm фотоапарат, што го прави идеален стандарден објектив со зумирање.

  • Супериорни оптички перформанси

    EF17-40mm f/4L USM има 12 елементи на објективот, аранжирани во 9 групи. Облогата на елементите Super Spectra овозможува одличен баланс на бојата и ги минимизира ефектот на двојна слика и блескањето. За да обезбеди величествен квалитет на сликата преку опсег на зумирање од 17-40mm, објективот користи три асферични елементи од два различни типа, додека стаклото со Super UD (ултра-ниска дисперзија) е користено за да спречи хроматски аберации, кои често можат да го намалат квалитетот на работ напредметот.

  • Голем избор на најсовремени опции

    Минимално растојание на фокусирање од 28mm ширум целиот опсег на зумирање.Автоматското фокусирање работи тивко и брзо, благодарение на брзата централна единица за обработка, со подобрен алгоритам на AF. Доколку сакате, режимот на AF можете да го замените со рачно фокусирање.Контролирана со помош на електромагнетна дијафрагма, циркуларната бленда на EF17-40mm f/4L USM може да постигне поатрактивен изглед на подрачјата од позадината, кои се надвор од фокусот.Предниот дел на објективот не ротира кога фокусирате. Тоа значи дека, на пример, поларизирачките филтри се уште функционираат ефикасно додека зумирате кон или од објектот. На задниот дел од објективот се наоѓа држач за желатински филтер за вметнување.Високо отпорен на влажност и на прав, EF17-40mm f/4L USM е идеално погоден за користење непријатни средини. Во целата негова конструкција е користено еколошки подносливото безоловно стакло.

Слична дополнителна опрема

  • Дополнителна опрема за објективи

    Продолжителна цевка EF 12 II

    Кога се користи со одредени објективи, оваа продолжителна цевка од 12 mm овозможува фокусирање на многу помало растојание.

  • Дополнителна опрема за објективи

    Продолжителна цевка EF 25 II

    Кога се користи со одредени објективи, оваа продолжителна цевка од 25 mm овозможува фокусирање на многу помало растојание.

  • Дополнителна опрема за објективи

    Сенило за објектив EW-83E

    Спречете ја залутаната светлина да навлезе во објективот, за да не ги уништите фотографиите со несакани одблесоци.
  • Дополнителна опрема за објективи

    Капаче за објектив E-77II

    Заштитете го вашиот објектив од Canon кога не го користите.
  • Дополнителна опрема за објективи

    Капаче за објектив за заштита од прав E

    Заштитете го вашиот објектив од Canon кога не го користите.
  • Дополнителна опрема за објективи

    Филтер за кружно поларизирање PL-C B од 77 mm

    Филтер за поларизација за објективи со дијаметар на навојот на филтерот од 77 mm.
  • Дополнителна опрема за објективи

    Заштитен филтер за објектив од 77 mm

    Ги заштитува предните елементи на објективите од нечистотии и оштетувања. Одговара на објективи со навој на филтри од 77 mm.
  • Дополнителна опрема за објективи

    Футрола за објектив LP1319

    Заштитна мека торбичка за одредени EF објективи.