Canon EF 20mm f/2.8 USM

Овој објектив се одликува со широк агол на гледање и брза решетка, поради што е идеален за снимање пејзажи и репортажи.

Придобивки

  • Извонреден широкоаголен објектив со агол на видливост од 94°

  • USM мотор за фокусирање со преминување преку параметрите на постојаниот рачен фокус

  • Најмало растојание на фокусирање од 25cm

  • Super Spectra слоеви

Детални карактеристики

  • Динамичен широкоаголен дизајн

    Нудејќи видно поле од 94˚, EF 20mm f/2,8 USM може да ја долови целосната површина на човековиот вид и многу повеќе. Одличен објектив за фотографи кои снимаат пејзажи или документарци. Изобличувањето се коригира за добивање на реална перспектива при фотографирање архитектура и ентериери.

  • Брза максимална решетка

    Брзата максимална решетка со f/2,8 овозможува рачно фотографирање без блиц во услови со недоволно осветлување, кога не е практично да користите статив.

  • Асферични и UD елементи

    За добивање на оптимални визуелни перформанси, објективот содржи асферични елементи за корекција на сферичните аберации и одлични UD (извонредно ниска дисперзија) елементи за елиминирање на хроматските аберации. Резултатот претставува остри и квалитетни слики со висок контраст без изобличувања низ целиот кадар.

  • Ултразвучно фокусирање

    Прстенестиот ултразвучен мотор го придвижува автоматскиот фокус со извонредна брзина и речиси бесчујно. Одличното намалување на вртежниот момент овозможува прецизно утврдување на фокусната точка, без пречекорувања. Покрај тоа, достапно е постојано рачно контролирање на фокусот, со што се овозможува прилагодување на фокусот без исклучување на режимот за автоматско фокусирање.

  • Super Spectra слој

    Слоевите Super Spectra обезбедуваат прецизно балансирање на боите и висок контраст. Исто така, тие отстрануваат одблесоци и привидни облици преку апсорбирање на светлината која може да се рефлектира од внатрешните елементи од објективот и дигиталниот сензор на фотоапаратот.

Слична дополнителна опрема

  • Дополнителна опрема за објективи

    Продолжителна цевка EF 12 II

    Кога се користи со одредени објективи, оваа продолжителна цевка од 12 mm овозможува фокусирање на многу помало растојание.

  • Дополнителна опрема за објективи

    Сенило за објектив EW-75 II

    Спречете ја залутаната светлина да навлезе во објективот, за да не ги уништите фотографиите со несакани одблесоци.
  • Дополнителна опрема за објективи

    Капаче за објектив E-72II

    Заштитете го вашиот објектив од Canon кога не го користите.
  • Дополнителна опрема за објективи

    Капаче за објектив за заштита од прав E

    Заштитете го вашиот објектив од Canon кога не го користите.
  • Дополнителна опрема за објективи

    Филтер за кружно поларизирање PL-C B од 72 mm

    Филтер за поларизација за објективи со дијаметар на навојот на филтерот од 72 mm.
  • Дополнителна опрема за објективи

    Заштитен филтер за објектив од 72 mm

    Ги заштитува предните елементи на објективите од нечистотии и оштетувања. Одговара на објективи со навој на филтри од 72 mm.
  • Дополнителна опрема за објективи

    ND4-L 72 mm

    Кога ќе го прикачите овој филтер на завршетокот на објективот на фотоапаратот, тој ќе го намали количеството на светлина што навлегува во фотоапаратот за 2 чекори. За објективи со навој на филтри од 72 mm.
  • Дополнителна опрема за објективи

    ND8-L 72mm

    Кога ќе го прикачите овој филтер на завршетокот на објективот на фотоапаратот, тој ќе го намали количеството на светлина што навлегува во фотоапаратот за 3 чекори. За објективи со навој на филтри од 72 mm.
  • Дополнителна опрема за објективи

    Футрола за објектив LP1214

    Заштитна мека торбичка за одредени EF објективи.
  • Дополнителна опрема за објективи

    Адаптер за Macrolite 72C

    Ви овозможува да ги користите блицовите Macro Twin Lite и Macro Ring Lite од Canon со објективи чиј дијаметар на навојот на филтерот изнесува 72 mm.