Објективи за DSLR
Компактен објектив за зумирање од серија L со решетка од f/4 и стабилизација на слика кој е одличен за патувања и општа употреба.
Разновиден објектив од 24-70mm и f/4 од серија L со макро режим и зголемување до 0,7x. Ултразвучниот AF обезбедува брзо и речиси бесчујно фокусирање. UD и асферични елементи кои нудат врвен квалитет на слика.
Погледнете ги сите спецификацииРазновиден опсег на зумирање за голем број различни објекти
Макро режим за зголемување до 0,7x
Стабилизатор на слика со четири чекори
Два асферични и два UD елементи на објективот
Брз ултразвучен AF
Заштитен од прав и влага
Бленда со девет сечила за прекрасно заматување
Снимајте голем број различни објекти, почнувајќи од пејзажи па сè до портрети и документарни снимки. EF 24-70mm f/4L IS USM претставува идеален стандарден објектив за вашиот DSLR фотоапарат за целосни слики од Canon, кој се одликува со широкоаголни, стандардни и телефото фокусни растојанија, како и фиксен максимален отвор на блендата од f/4 кој не се менува додека зумирате со објективот.
Посебната положба за макро на прстенот за зумирање овозможува фокусирање на мали растојанија од само 0,38m при секоја положба на зумот, како и максимален сооднос на репродукција од 0,7x од вистинската големина.
Фотографирајте рачно во услови со слаба осветленост и користете брзини на блендата кои се за четири чекори побавни од брзините кои најчесто се препорачуваат. Технологијата за стабилизација на слика (IS) автоматски открива кога фотографот се поместува за да ги следи подвижните објекти и ја исклучува стабилизацијата во таа насока. Хибридната IS открива аголни и прави движења во макро режим.
Снимајте слики со исклучителен квалитет низ целиот опсег на зумирање. За ефикасно отстранување на оптичките аберации се користат два вида на асферични елементи на објективот во комбинација со елементи кои имаат извонредно ниска дисперзија (UD). Слоевите Super Spectra овозможуваат минимален одблесок и максимален контраст.
Уживајте во брз автоматски фокус кој е речиси бесчуен, благодарение на прстенестиот ултразвучен AF мотор. Имајте целосна контрола со преминувањето преку параметрите на постојаниот рачен фокус.
Продолжете да фотографирате дури и во тешки услови. Објективот е заштитен од прав и влага, а употребата на слоеви од флуор овозможува полесно чистење на елементите на објективот.
Дијафрагмата на блендата со седум сечила и кружен отвор помага во создавање на рамномерно заматување на фокусот, овозможувајќи им на вашите објекти во предниот дел на сцената јасно да се истакнат.