Објектив со високи перформанси, стабилизација на слика и решетка од f/2.8, кој е совршен за фотографирање при слаба осветленост и кога патувате.
Примарен објектив од 24mm со брза максимална решетка од f/2,8 кој е совршен за пејзажи, патувања и документарни фотографии. Стабилизацијата на сликата помага при слаба осветленост, а USM AF врши брзо и тивко фокусирање.
Погледнете ги сите спецификацииШирокоаголен објектив од 24mm (38mm еквивалент кај сензорите со APS-C големина).
Брза максимална решетка од f/2,8.
Стабилизатор на слика до четири чекори.
Ултрасоничен механизам за автоматско фокусирање.
Кратко растојание за фокусирање од 0,2m
Кружен отвор на блендата за меко заматување на позадината.
Слоевите Super Spectra ги намалуваат одблесоците.
Максималната решетка од f/2,8 овозможува рачно фотографирање при каква било светлина без блиц. Стабилизацијата на сликата овозможува употреба на брзини на блендата кои се побавни од стандардните до четири пати, без ризик од тресење на фотоапаратот.
Ултразвучниот мотор за автоматски фокус (USM) обезбедува брзо и речиси бесчујно фокусирање. Преминувањето преку параметрите на постојаниот рачен фокус обезбедува фино прилагодување без менување на режимот на фокусирање.
Приближете се до вашиот објект, на мала оддалеченост за фокусирање од само 0,2m, и уживајте во возбудлива широкоаголна перспектива.
Со тежина од само 280g и димензии од 68,4mm x 55,7mm, EF 24mm f/2,8 IS USM од Canon претставува објектив кој можете насекаде да го носите. Одличен за репортажа и фотографирање при патувањата.
Кружниот отвор на блендата со седум сечила овозможува прекрасно заматување на позадината, додека слоевите Super Spectra ги намалуваат одблесоците. Класичниот дизајн на примарниот објектив EF 24mm f/2,8 IS USM од Canon ги минимизира изобличувањата и аберациите, кои можат да го намалат квалитетот на сликата.
Пренослив, примарен широкоаголен објектив кој е соодветен за снимање на репортажа, пејзаж и за фотографирање при патувањата.