USM објектив со високи перформанси и стабилизација на слика за доближување до случувањата, спортските потези и животот во дивината.
Напредната технологија за стабилизација на сликата (IS) со три чекори го прави EF 70-300mm f/4-5,6 IS USM идеален објектив за телефото зум за фотографирање при слаба осветленост и со помала брзина на блендата без да предизвикате тресење на фотоапаратот.
Погледнете ги сите спецификацииМоќно, а сепак достапно зголемување
Стабилизација на слика со три чекори
UD елемент на објектив и Super Spectra облоги
Блендата со кружен отвор овозможува прекрасно заматување на позадината
Брз, тивок автоматски фокус
Моќниот EF 70-300mm f/4-5,6 IS USM, кој има разумна цена, ќе ги привлече фотографите кои се занимаваат со природата и спортот и сакаат да добијат поостри слики при рачно фотографирање. Кога ќе го поставите на EOS фотоапарат кој има сензор со APS-C големина, објективот нуди агол на видливост кој е приближно еднаков на објектив од 112-480mm поставен на DSLR фотоапарат за целосни слики.
EF 70-300mm f/5-5,6 IS USM се одликува со стабилизација на сликата (IS) со три чекори, со што овој објектив е идеален за рачно фотографирање. Брзината на блендата, која може да биде до три пати побавна од стандардната, може да се користи без видливо зголемување на заматеноста на сликата. При хоризонтално поместување, можете да го поставите системот за стабилизација на сликата да го коригира само несаканото вертикално тресење, а системот се исклучува кога ќе го ставите фотоапаратот на статив.
Елементот на објективот од UD (ултра ниска дисперзија) стакло врши корекција на хроматската аберација и нуди висока резолуција и контраст низ целиот опсег на зумирање. При изработката на објективот се користи само еколошко безоловно стакло.
Облогите Super Spectra обезбедуваат прецизно балансирање на боите и зголемен контраст. Исто така, ги намалуваат одблесоците и имагинарните облици – проблем кој често се јавува поради светлината која се одбива од сензорот на фотоапаратот.
Виртуелната дијафрагма на бленда со кружен отвор и електромагнетска контрола внесува помеко и порамномерно чувство во областите кои не се во фокус и овозможува истакнување на објектите кои се во фокус наспроти заматената позадина.
Ултразвучен мотор го придвижува автоматскиот фокус со извонредна брзина и речиси бесчујно. Одличното намалување на вртежниот момент овозможува прецизно утврдување на фокусната точка, без пречекорувања.