Објективи за DSLR
USM објектив за зумирање за општа намена со високи перформанси и стабилизација на слика, кој е идеален за фотографирање за време на патувањата.
Комбинирајќи проширен опсег на зумирање кој вклучува широкоаголно и телефото зумирање, со стабилизатор на слика со 4 чекори, EF-S 15-85mm f/3.5-5.6 IS USM обезбедува исклучителни перформанси и флексибилност.
Погледнете ги сите спецификации5,6x 24-136mm еквивалент EF-S стандарден зум објектив со високи перформанси за секаква намена
Стабилизатор на слика со 4 чекори
Автоматско откривање на поместување и статив
Фокусирање одблиску од 0,35m
UD и асферични леќи
Super Spectra слоеви
Отвор на блендата со 7 сечила
Изборно сенило на објектив
Со ефективен опсег на фокусни должини од приближно 24-136mm (35 mm еквивалент), EF-S 15-85mm f/3.5-5.6 IS USM е објектив кој овозможува исклучителна флексибилност со истовремено добивање слика со извонреден квалитет. Благодарение на поширокиот агол во однос на многу споредливи објективи, тој може да опфати поголем дел од сцената, додавајќи подобро чувство за простор и перспектива кај вашите фотографии.
EF-S 15-85mm f/3.5-5.6 IS USM е опремен со стабилизатор на слика (IS) со 4 чекори од Canon. Идеална за рачно фотографирање, функцијата за стабилизација на сликата овозможува користење на брзини на бленда кои се побавни и до 4 чекори, без да се предизвика заматување на сликата. Стабилизаторот на слика помага при фотографирање во услови на слаба осветленост или од подвижни возила.
EF-S 15-85mm f/3.5-5.6 IS USM се одликува со завршна обработка со текстура за добивање на висококвалитетен изглед и чувство што одговараат на вашиот EOS фотоапарат.
Прстенестиот USM (ултразвучен мотор) користи вибрации со ултразвучна фреквенција за поттикнување на чувствителното, речиси бесшумно автоматско фокусирање со голема брзина. Прстенестиот USM овозможува постојано рачно контролирање на фокусот без потреба од исклучување на автоматското фокусирање, за поголема практичност при користењето.
Елементите на објективот се третирани со Super Spectra слоеви од Canon кои го намалуваат одблесокот и ја спречуваат појавата на привидни облици – тие почесто се јавуваат кај дигиталните фотоапарати заради одбивањето на светлината од сензорот за слика. Super Spectra слоевите од Canon исто така помагаат да се постигне природен баланс на боите и зголемување на контрастот за живописни слики со висока веродостојност.
Кружниот отвор на блендата со 7 сечила им овозможува на фотографите да постигнат прекрасно заматување на позадината; ова е идеално за издвојување на главниот лик од позадината.