Објективи за DSLR
USM објектив за зумирање за општа намена со стабилизација на слика, кој е идеален за фотографирање за време на патувањата.
Вистинска слобода во креирање кадри, во еден лесен, компактен објектив со брзо фокусирање. EF-S 17-85mm f/4-5.6 IS USM е одличен објектив за секоја намена, за EF-S монтирање на фотоапарати EOS.
Погледнете ги сите спецификацииИзвонреден опсег на зумирање кај сите тела со монтиран EF-S
Врвен квалитет на слика
Лесен и компактен
Стабилизатор на слика - компензација до 3 запирања
Речиси бесшумно USM AF
Super Spectra слоеви
Бленда со кружен отвор
Изборен ексклузивен покривач на објектив
EF-S 17-85mm f/4-5.6 IS USM овозможува ефективен опсег на фокалната должина од приближно 27-136mm во 35mm формат. Тоа овозможува голем број опции за обликување на кадарот, поради што овој објектив е совршен за секаква намена, како и за изразување на вашата креативност во огромен опсег на ситуации за фотографирање.
Малата големина и малата тежина на EF-S 17-85mm f/4-5,6 IS USM го прават идеален за брзо фотографирање при движење и патување, бидејќи не е практично да носите тешка торба со опрема насекаде. Неговиот прстенест USM работи во согласност со EOS фотоапаратите со EF-S приклучок за да обезбеди неверојатно брзо и прецизно автоматско фокусирање и предвидливо следење - со преминување преку параметрите на постојаниот рачен фокус кое е достапно во секое време.
Технологијата на стабилизатор на слика компензира за полни три запирања, давајќи му на објективот ефективна максимална бленда од f1.4-2.0; одлично за фотографирање кога апаратот се држи во рака и при слабо светло.
Специјално дизајниран за дигитално фотографирање, објективот содржи специјално обликувани елементи и Super Spectra слоеви за елиминирање на привидните облици и одблесоците, кои можат да се појават како резултат на рефлектираната светлина од сензорите на фотоапаратите. Изборниот ексклузивен покривач на објективот може дополнително да ја намали појавата на блескањето.
Циркуларната бленда овозможува задоволувачко замаглување на позадината при сликање со широка бленда, што е идеално за креирање чувство на длабочина и за издвојување на предметот или моделот од позадината.