Објективи за DSLR
Повеќенаменски објектив за зумирање со STM и стабилизација на слика, кој е одличен за фотографирање за време на патувањата и снимање видеоснимки.
Објектив за зумирање од 18-135mm за секаква намена со STM технологија. STM нуди рамномерно и тивко автоматско фокусирање за видео снимки, а динамичкиот стабилизатор на слика ги намалува вибрациите приснимањето.
Погледнете ги сите спецификацииРазновиден опсег на зумирање од 18-135mm – совршен за патувања.
Рамномерно, тивко фокусирање со STM при снимање на видео снимки со компатибилни фотоапарати.
Динамички стабилизатор на слика за рамномерно снимање на видео снимки.
Брз автоматски фокус со преминувањето преку параметрите на постојаниот рачен фокус.
Минимално растојание на фокусирање од 0,39m.
Компактен и разновиден објектив кој е соодветен за голем број различни објекти и идеален за фотографирање при патувањата. Опсегот на зумирање од 18-135mm нуди ист агол на видливост како и објективите од 29-216mm кај фотоапаратите за целосни слики.
Режимот Servo AF за видео ја користи технологијата STM (чекорен мотор) за рамномерно и тивко фокусирање при снимање на видео снимки со компатибилни фотоапарати.
Технологијата за динамичка стабилизација на слика ги намалува вибрациите и тресењето на фотоапаратот при снимање на видео снимки. Технологијата за стабилизација на слика овозможува рачно фотографирање при слаба осветленост без користење на блиц или статив. Брзините на блендата, кои се побавни од норамалните до четири пати, може да се користат без заматување предизвикано од тресењето на фотоапаратот.
Брзиот автоматски фокус ги заклучува објектите со голема брзина и прецизност. Преминувањето преку параметрите на постојаниот рачен фокус е достапно без менување на режимот на фокусирање.
Фокусирајте до 0,39m при сите поставувања на зумот, за да добиете приказ на вашиот објект одблиску.