Објективи за DSLR
Canon EF-S 18-200mm f/3.5-5.6 IS
Објектив за секаква намена со моќен зум и стабилизација на слика.
Богат, долгоопсежен зум во компактна форма
Компактните пропорции со моќен опсег на зум од 11x – обезбедуваат идеален зум за општа намена за зафатени фотографи. Одличниот перформанс при слабо светло е обезбеден со Стабилизаторот на слика со 4 застанувања.
Погледнете ги сите спецификацииПридобивки
-
11x леќи за зумирање – 18-200mm
-
Стабилизатор на слика со 4 застанувања
-
Автоматско откривање на движење и троножно постолје
-
Растојание за фокусирање од само 0,45m
-
Асферични и UD елементи на објектив
-
Обвивката на леќите Super-Spectra се справува со двојните слики и одблесокот
-
Бравата на зумот ја одржува минималната величина
-
Циркуларна бленда за задоволувачко замаглување на позадината
Детални карактеристики
-
Компактен, брз, и лесен
EF-S 18-200mm f/3,5-5,6 IS е компактен, EF-S леќи со голема моќ на зголемување - приближ. 11x. Тој е опремен со коефициент на зум од 18-200mm (35mm филм еквивалентен на должина на фокус од 29-320mm) и има максимална бленда од f/3,5-5,6. Дизајниран и за почетници и за напредни аматери кои бараат леќи со оптички стабилизатор на слика и голем опсег на должина на фокус, тој тежи само 595g и има димензии 78,6 x 102mm. Леќите нудат 0,45m минимално растојание од фокус во сите позиции на зумирање. EF-S 18-200mm f/3,5-5,6 IS е дизајниран исклучиво за употреба со EOS фотоапарати опремени со EF-S лежиште на леќи - вкллучително и EOS 50D, EOS 1000D, EOS 450D, и постари модели.
-
Асферични и UD елементи
Високиот квалитет на слика е обезбеден со додавањето на две високо прецизни асферични леќи заради корекција на отстапувањата вклучително и искривувањето на полето и нарушувањата. Хроматското отстапување кое е вообичаено при широкоаголно сликање е исто така решено со вклучувањето на две UD леќи, со што се обезбедува оптимален квалитет на сликата и детали од едниот до другиот агол.
-
Обвивка Super-Spectra
Патентираниот елемент на обвивка на леќите на Canon ги сведува на минимум двојната слика и одблесокот предизвикани од рефлексиите од сензорот за слика на фотоапаратот и површините на внатрешните леќи Трансмисијата на светло е подобрена и рефлексиите се редуцирани со цел да се постигнат јасни остри слики.
-
Стабилизатор на слика со 4-запирања
Оптичкиот стабилизатор на слика со 4 застанувања - специјално дизајниран за специфичниот опсег на должина на фокус на леќите работи со цел да се справува со заматеноста на сликата, што може да настане при рачно сликање или при помала брзина на затворачот. Автоматското откривање на движење обезбедува ефикасен перформанс кога се следат објекти во движење. А бидејќи IS системот е поставен во леќите, резултатите се видливи преку визирот за време на ставањето во кадар.
-
Долготраен квалитет со безоловна оптика
Дизајниран со отпорни леќи EF-S 18-200mm f/3,5-5,6 IS заради робустниот дизајн, тој одговара на потребите на денешните фотографи. Се користи еколошко безоловно стакло во производството на леќите