Објективи за DSLR
Стандарден објектив за зумирање со достапна цена, STM и стабилизација на слика, кој е идеален за почетници со EOS фотоапарат.
Достапен стандарден објектив за зумирање соодветен за голем број различни објекти. Уживајте во рамномерно и речиси бесчујно фокусирање при снимање на видео снимки, со помош на технологијата за STM мотор и режимот Servo AF за видео. Стабилизацијата на слика со четири чекори го намалува тресењето на фотоапаратот.
Погледнете ги сите спецификацииРазновиден опсег на зумирање – одличен за пејзажи, портрети и патувања
Компактен и лесен дизајн
Избегнете го тресењето на фотоапаратот со оптичката стабилизација на слика со четири чекори
STM моторот овозможува рамномерно и речиси бесчујно фокусирање кога снимате видео снимки
Кратко растојание за фокусирање од 0,25m
Справете се со голем број објекти, почнувајќи од пејзажи па сè до портрети и динамични движења, со помош на големиот опсег на зумирање од 18-55mm. Лесната конструкција го прави одличен објектив за секојдневна употреба.
Оптичката стабилизација на слика го намалува ризикот од тресење на фотоапаратот, овозможувајќи рачно фотографирање во услови со недоволна осветленост без блиц. Користете брзини на бленда кои се побавни од стандардните брзини до четири пати, без да предизвикате заматување поради движењето на фотоапаратот.
Технологијата за STM мотор овозможува речиси бесчујно фокусирање за да не се создава шум во звукот на вашите видео записи, а овозможува и рамномерно и прецизно подесување додека снимате.
Фокусирајте мали објекти, со најмало растојание на фокусирање од само 0,25m. Предниот елемент кој не ротира овозможува едноставно користење на филтри, а прстенот за рачно фокусирање овозможува рачно преминување на параметрите на фокусот во секое време.
Слоевите Super Spectra се користат за намалување на одблесоците и зголемување на острината, додека решетката со седум сечила овозможува рамномерно дефокусирање за да добиете резултати кои изгледаат поприродно.