Canon TS-E 45mm f/2.8

Добијте природна перспектива со контролата врз длабочината на полето, перспективата и фокусот.

Придобивки

  • Објектив од 45mm со можност за закосување и поместување

  • Реална перспектива со контрола на слика

  • Закосување до ± 8° и поместување до ±11mm

  • Систем за фокусирање во заднина

  • Преден елемент кој не ротира

Детални карактеристики

  • Реална перспектива со движења

    Објектив со стандардна фокусна должина и можност за закосување и поместување. Лебдечкиот оптички систем и механизам за фокусирање во заднина овозможуваат остри слики на оддалеченост од 0,4m до бесконечност. Фокусната должина од 45mm е идеална за доловување на перспектива со реален изглед.

  • Широк опсег на придвижување

    TS-E 45mm f/2,8 нуди неверојатна флексибилност, овозможувајќи му на фотографот да ја контролира длабочината на полето и перспективата со закосување до ±8°, поместување до ±11mm и ротирање под агол од ±90°. Исто така, механизмот за закосување и поместување се одликува и со граничници кои овозможуваат избегнување на несаканите движења.

  • Super Spectra слој

    Слоевите Super Spectra обезбедуваат прецизно балансирање на боите и зголемен контраст. Исто така, ги намалуваат одблесоците и имагинарните облици – проблем кој често се јавува поради светлината која се одбива од сензорот на фотоапаратот.

Галерија со примероци

Можеме ли да ви помогнеме да го изберете вашиот следен објектив?

Нашата алатка за избирање објективи ќе ви ја прикаже целата наша палета на објективи и ќе ви помогне да го пронајдете објективот кој совршено ќе ви одговара вам и на вашиот фотоапарат EOS.

Lens Guru Mobile App

Разберете ги основите на фотографирањето и дознајте како менувањето објективи може да направи разлика кај вашите слики.