Canon UHD DIGISUPER 122AF (UJ122x8.2B AF)
Нашиот најдобар објектив за 4K-емитување се одликува со врвна оптика, опсег на зумирање до 122x и вграден додаток за продолжување до 2x, напредна стабилизација на слика и автоматски фокус за да ви обезбеди најостри снимени материјали.
Неверојатен дострел. Неверојатно фокусирање. Неверојатен 4K-квалитет.
Објектив за 4K-емитување што го искористува целосниот потенцијал на нашиот најмоќен зум до 122x со додаток за продолжување до 2x за уште поголем дострел, како и на вградениот автоматски фокус со напредна стабилизација на слика за извонредна острина и прецизност на фокусот.
Погледнете ги сите спецификацииВрвен квалитет на слика со 4K-резолуција
Напредниот оптички дизајн и употребата на голема количина на флуорит и UD-стакло ги минимизираат оптичката аберација, одблесоците и отсјајот и создаваат извонреден 4K HDR-оптички квалитет низ целиот опсег на зумирање.
Зум до 122x (8,2-1000 mm), плус додаток за продолжување до 2x
Објективот нуди зум до 122x и може да се користи во најразлични сценарија за емитување. Освен тоа, вградениот додаток за продолжување до 2x овозможува уште поголем дострел, што резултира со неверојатна фокусна должина од 2000 mm.
Вградена технологија за автоматско фокусирање
UHD DIGISUPER 122AF (UJ122X8.2B AF) користи технологија за автоматско фокусирање за да овозможи прецизно фокусирање, што станува сè поважен фактор за снимањето со 4K-резолуција. Автоматскиот фокус може да се приспособи, односно да се приспособи брзината на фокусирање, зоната на фокусирање итн. со цел да се задоволат точните потреби за фокусирање во сите ситуации.
Напредна стабилизација на слика
Системот за напредна стабилизација на слика, што ефикасно компензира голем опсег на вибрации, е особено важен за одржување на врвните перформанси со 4K-резолуција при снимање со телефото фокусна должина.
Целосна поддршка за виртуелни системи
Освен приклучокот со 20 пина на UHD DIGISUPER 122AF (UJ122X8.2B AF), достапен е и уред за 16-битно кодирање на апсолутни вредности што ќе ви понуди прецизни метаподатоци за објективот и што е компатибилен со виртуелните продукциски системи што се користат во индустријата за емитувања.
Компатибилност со новиот механизам за фокусирање FDJ-S31 / 41
FDJ-S31 / 41 е нов контролор за фокусирање што е дизајниран за објективите HD Box и UHD со автоматски фокус на Canon. Тој нуди голем број опции за контрола на AF што му овозможуваат на корисникот да избира лесно помеѓу AF и рачен фокус, како и детално прилагодување на поставките како големина на кадарот за AF и брзина на фокусирање. Исто така, FDJ-S31 / 41 нуди три режими на фокусирање: режим за далеку, режим за блиску и стандарден режим, кои ја прилагодуваат кривата за реакција на фокусот согласно контролата.
Спецификации
-
Врвни оптички перформанси со 4K-резолуција
-
Зум до 122x (опсег на фокусна должина од 8,2-1000 mm)
-
Напредна технологија за автоматско фокусирање
-
Вграден додаток за продолжување до 2x
-
Вградена стабилизација на слика
-
Компатибилност со виртуелни системи
-
Новодизајниран механизам за фокусирање
Што содржи кутијата
-
UHD DIGISUPER 122AF (UJ122X8.2B AF)
-
Капаче за сенило
-
Капаче за заштита од прав
-
Капаче за приклучоци
Слични производи
-
UHD DIGISUPER 122 (UJ122x8.2B)
Прогресивна технологија во објективи за во студио и објективи за на терен, наменета за сите опкружувања за емитување.
- Сите податоци се основаат врз стандардните методи за тестирање од Canon, освен ако не е поинаку назначено. Подлежи на промена без претходно известување.