ПРОМОТОР И УЧЕСНИЦИ
1. Промотор е Canon CEE GmbH, Oberlaaer Straße 233, 1100 Vienna, Austria („Промотор”).
2. Сите учесници („Учесници”) мора да се државјани на Р. Северна Македонија и да бидат постари од 18 години.
3. Вработените кај Промоторот, нивните подружници, нивните семејства, агенти и други страни директно вклучени во оваа промоција и спонзорство, не се квалификуваат за учество.
4. Сметаме дека со набавување на одреден производ на Canon во рамките на оваа промоција, сите учесници се согласни да бидат обврзани со одредбите и условите на истата, освен ако е наведено поинаку во писмена форма.
5. Оваа промоција важи само за купување на некој од производите наведени подолу („Промотивни производи“) во Р.Северна Македонија, од продавачи во Р.Северна Македонија наведени подолу, во периодот од 11.9.2023 до 15.10.2023 година.;
Список на партнери кои учествуваат во промоцијата:
- Pix Plus
- Neptun
- Setec
6. Промоцијата трае сè до завршувањето на залихите;
7. Промоцијата не може да се пренесе на друго лице и не може да биде заменета со готовина или со пониска цена.
ОТКАЖУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ
8. Промоторот го задржува правото да дисквалификува непотполни или неважечки пријави или такви кои на друг начин не ги исполнуваат горенаведените барања.
9. Canon го задржува правото да одбие да го почитува производот од оваа промоција ако смета дека одредбите и условите на овој натпревар биле злоупотребени или прекршени.
10. Промоторот не е одговорен за каква било загуба, оштета или повреда предизвикана од каква било природа, здобиена од кој било учесник во оваа промоција. Меѓутоа, ништо во овие правила нема да има ефект на исклучување или ограничување на одговорноста на промоторот за лична повреда или смрт предизвикана од докажана небрежност на неговите вработени или изведувачи.
11. Во случај на спор околу разбирањето и примената на правилата во однос на што било поврзано со промоцијата, одлуката на директорот на промоторот е крајна и истата нема да се разгледува
12. Овие одредби и услови и какви било спорови кои би произлегле од или би биле поврзани со нив, ќе се регулираат и ќе се толкуваат во согласност со законите на Австрија и ќе подлежат на неексклузивната надлежност на австриските судови.