Canon CEE EOS R7 и EOS R10 промоција

Одредби и услови
1. ПРОМОТИВНИ ПРОИЗВОДИ, ПРОМОТИВЕН ПЕРИОД И УЧЕСНИЦИ

1.1. Оваа промоција е достапна само за набавка која сочинува комбинација на (1 фотоапарат и 1 објектив) од листата наведена/прикачена подолу („Промотивни производи”) на територијата на Р. Северна Македонија од овластени партнери во периодот од 15.06.2022 година до 31.08.2022 година вклучително („Промотивен период”). Промотивниот производ може да се купи или како тело или како дел од сет (пакет) со вклучен објектив, но само ЕДНО барање може да се поднесе по сет или пакет. Kупувањето може да биде во готовина или безготовинско – со картица.
1.2. Сите Учесници мора да бидат на возраст од 18 години или постари мора да бидат жители во Европската економска област или Швајцарија (EEA) („Учесник”) или да бидат жители на која било од следниве земји: Р. Северна Македонија, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово.
1.3. Претпоставуваме дека сите Учесници се согласуваат да бидат обврзани со овие одредби и услови.
1.4. Сите производи мора да бидат набавени на територијата на Р. Северна Македонија и мора да бидат снабдени и дистрибуирани до продавачи на Canon CEE GmbH („Canon”) или компании од групата на Canon од ЕЕА. Ве молиме проверете со вашиот продавач дали се исполнува горенаведениот услов со цел да се избегне разочарување. Онлајн продавниците мора да прикажат регистрирана/поштенска адреса во Р. Северна Македонија.

Партнер (продавачот) кој учествува во промоција:
Pix Plus

1.5. Сите промотивни производи мора да бидат нови и вистински производи на Canon. Набавки на половни производи, реновирани или реконструирани, или производи кои се фалсификувани или ги нарушуваат на било каков начин интелектуалните права на сопственост на групата компании на Canon (на пример: вклучувајќи но не ограничувајќи ги паралелните или таканаречени "сиви" производи) нема да се квалификуваат за оваа промоција. За да дознаете повеќе за паралелните производи, погледнете на https://www.canon.com.mk/about_us/serial-number-checker.

2. КАКО ДА УЧЕСТВУВАТЕ

2.1. За да учествува во промоцијата, Учесникот мора да купи најмалку два промотивни производи (1 фотоапарат и 1 објектив) во Р. Северна Македонија од овластени партнери за време на промотивниот период.
2.2. Промотивниот поврат на пари се заснова на купување на два од промотивните производи
2.3. Промотивните производи се достапни се додека траат залихите. Canon нема да биде одговорен доколку продавачите не успеат да ги задоволат набавките на промотивните производи за време на промотивниот период.
2.4. Дозволено е само едно барање по набавен промотивен производ.
2.5. Оваа промоција не може да се поврзе со никаква друга промоција.

3. ИНСТАНТ ПОВРАТ НА ПАРИ

3.1. Учесниците ќе добијат инстант поврат на пари во износите прикажани за набавките на промотивните производи.
3.2. Ако сте регистриран ДДВ обврзник во Р. Северна Македонија, а притоа добиете инстант поврат на пари, може да ја намали оданочивата вредност на вашата набавка, па затоа ќе треба соодветно да го намалите влезното оданочување.

4. ПРОМОТОРОТ

4.1 Промоторот е Canon CEE GmbH, Oberlaaer Straße 233, 1100, Виена, Австрија.

5. ОДРЕКУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ

5.1 Во најголема мера законски, Canon нема да биде одговорен за било каква загуба, оштета или повреда од било каква природа предизвикана или направена од било кој учесник во оваа промоција. Меѓутоа, ниедна одредба на овие правила нема да го има ефектот на исклучување или ограничување на одговорноста на Canon за предизвикана лична повреда или смрт поради докажано запоставување на вработените на Canon или неговите претставници.
5.2. Canon го задржува правото да ја поништи, поправи и/или промени оваа промоција во било кое време без било какво влијание на одговорноста на Canon.
5.3 Canon го задржува правото да го провери било кое барање за да се осигура дека е во согласност со овие одредби и услови и да побара дополнителни информации и придружни документи. Canon го задржува правото да отфрли барања и/или учесници ако се посомнева дека промоцијата се злоупотребува на било каков начин. Одлуките на Canon во однос на промоцијата се крајни и нема да влегува во никаква кореспонденција во однос на неа.

6. ЗАШТИТА И СОБИРАЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

6.1. Canon Europa N.V., 59 Bovenkerkerweg, 1185 XB е контролорот на податоците кој ги води сите лични податоци доставени од учесниците. Сите лични податоци доставени до нас ќе бидат обработувани од Benamic, IDA Business & Technology Park, Ring Road, Килкени, Ирска, со цел да се администрира оваа промоција и ако е тоа возможно, за маркетинг цели – во случаи кога учесниците прифатиле да добиваат маркетинг информации од Canon. Доставените лични податоци се чуваат безбедно и можат да бидат пренесени на побезбеден сервер надвор од EEA.
6.2. Собраните лични податоци од учесниците подлежат на Правилата на Canon за заштита на податоците на купувачите http://www.canon.com.mk/privacy-policy/.

7. ЗАКОН И НАДЛЕЖНОСТ

Овие Одредби и услови и било какви спорови кои произлегуваат од или во врска со нив, ќе бидат управувани и толкувани во согласност со законите на Австрија и ќе бидат предмет на неексклузивна надлежност на судот во Виена.

8. Целосна листа на производи на промоција

EOS R7
EOS R10
RF 50mm f/1.8 STM
RF 70-200 f/4 L IS
RF 35mm f/1.8 MACRO IS STM
RF 85mm f/2 IS STM
RF 16mm f/2.8 STM
RF 600mm f/11 IS STM

Инстант попуст при купување на EOS R7 или EOS R10 во комплет со еден од објективите наведени подолу
RF 50mm f/1.8 STM RF 70-200 f/4 L IS RF 35mm f/1.8 MACRO IS STM RF 85mm f/2 IS STM RF 16mm f/2.8 STM RF 600mm f/11 IS STM
EOS R10 3.700 ден 30.750 ден 10.450 ден 15.370 ден 7.700 ден 18.450 ден
EOS R7 3.700 ден 30.750 ден 10.450 ден 15.370 ден 7.700 ден 18.450 ден