MAXIFY iB4150

Создаден за продуктивност, перформанси и сигурност. Брзо печатење на 24 црно-бели слики/мин. и 15,5 слики/мин. во боја со потрошувачка до 2.500 страници, мали работни трошоци и Wi-Fi – совршено за мали канцеларии.

iB4050_Detail

Придобивки

  • Брзо печатење со 24 црно-бели слики/мин. и 15,5 слики/мин. во боја
  • Поврзување преку Wi-Fi и LAN
  • Печатете од популарните услуги Cloud
  • Мастило за голема потрошувачка: 2.500 црно-бели страници/1.500 страници во боја
  • Капацитет од 500 листови за голема продуктивност

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon MAXIFY iB4150

Печатач за обемно користење наменет за продуктивни канцеларии


Инк-џет печатач во боја со доволно голема брзина, капацитет и економичност за да стане неопходен дел од секоја мала канцеларија. Со касетата за хартија со голем капацитет од 500 листови, MAXIFY iB4150 од Canon печати неверојатни материјали со живописни бои и остар текст со помош на своите DRHD мастила отпорни на маркери и триење. MAXIFY iB4150 од Canon печати A4 документи со неверојатна брзина од 24 слики/мин. во црно-бел формат и 15,5 слики/мин. во боја, со потребно време до излегување на првата страница (FPOT) од само 6 секунди.

Извонредна економичност


Од мала потрошувачка на енергија до картриџи со мастило за голема потрошувачка и поединечно заменливи картриџи со бои, MAXIFY iB4150 од Canon е дизајниран да ги намали работните трошоци. Црните картриџи овозможуваат ISO потрошувачка од 2.500 страници, а картриџите во боја - 1.500 страници, овозможувајќи им на вработените во вашата канцеларија да работат без постојано да ги менуваат картриџите. Освен тоа, достапен е и изборен мултикомплет со 4 бои за уште поекономично печатење.

Канцелариско печатење со разновидни опции


MAXIFY iB4150 од Canon го олеснува зголемувањето на продуктивноста и извршувањето на задачите. Двостраното печатење и поддршката за различни видови и големини на хартија, почнувајќи од обична A4 хартија па сè до етикети, пликови и фотохартија, овозможуваат едноставно извршување на секојдневните задачи за печатење во канцеларијата. MAXIFY iB4150 од Canon е опремен со практични функции и е дизајниран за да ви ги обезбеди сите функции за печатење потребни за секојдневна канцелариска употреба.

Во Cloud или на мобилни уреди


Поддршката за Google Cloud Print, Apple AirPrint (iOS), Mopria и апликацијата Canon PRINT овозможуваат брзо и едноставно печатење од мобилни уреди. Можете да печатите дури и од популарни Cloud услуги, вклучувајќи ги Google Drive, Dropbox, Evernote, OneNote и OneDrive. Режимот на вградена пристапна точка им овозможува на корисниците на паметни уреди да се поврзат со печатачот без Wi-Fi мрежа.

Управување и следење на едноставен начин


MAXIFY iB4150 од Canon нуди неверојатен квалитет за печатење и поголема продуктивност за мали канцелариски опкружувања, а нуди и напредни администраторски функции што овозможуваат поедноставно управување, одржување и контрола. Постојат и многубројни дополнителни опции кои им овозможуваат на администраторите на системот да го конфигурираат печатачот и да ограничуваат одредени постапки.

Интеграција со SNMP мрежа


Компатибилноста на MAXIFY iB4150 од Canon со Simple Network Management Protocol (SNMP) овозможува едноставна интеграција на печатачот во постоечката мрежа во канцеларијата. SNMP нуди многубројни функции за следење и одржување, меѓу кои и нивоа на мастилата, статус на грешка и број на страници.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon MAXIFY iB4150, неговите функции и можности.

Quick 1st Print

Време за печатење на првата страница од 6 секунди

Connectivity (Wi-Fi and Ethernet)

Безжично користење и споделување

Auto 2-sided Print

Автоматско двострано печатење

500 Sheet Capacity

Продуктивно ракување со хартијата

MAXIFY Cloud Link

Печатење од услугите Cloud

Smartphone and Tablet print

Апликација Canon PRINT

Tablet and smartphone ready

Можност за поврзување на паметен телефон и таблет уред

High Page Yield

Ефикасни XL мастила

  • MAXIFY iB4150
  • Кабел за напојување
  • Однапред поставени резервоари со мастило
  • CD диск за поставување за Windows (драјверите за Mac се достапни на интернет)
  • Прирачници
  • Кабел за факс/телефонска линија