Фотохартија за PIXMA

Пронајдете ја соодветната фотохартија од Canon во зависност од вашите потреби, без разлика дали печатите материјали со професионален квалитет за изложба или ги забавувате вашите деца со креативни проекти. Ви нудиме висококвалитетна фотохартија од видот сјајна, полусјајна, мат и со отсјај, во следните големини: A2, A3+, A3, A4 и големина на поштенска картичка.

Квалитет како во галерија

Дизајнирани земајќи ги предвид професионалците и ентузијастите, овие врвни хартии нудат резултати со квалитет како во галерија во секое време. Со сјајните и мат хартии, како и хартиите со отсјај, ќе пронајдете соодветна хартија за вашите креативни идеи.

Фотографии во домот

Откријте го целиот потенцијал на вашиот PIXMA уред и уживајте во брзо печатење на фотографии со фотолабораториски квалитет во домот. Изберете сјајна, полусјајна или мат хартија која најмногу ќе одговара за вашите фотографии од одморот или семејни фотографии со живописни бои.

Креативни проекти

Од хартии за фото-налепници, материјали за печатење на маички и деловни презентации до мат хартии кои се идеални за честитки, календари и неверојатни 3D модели од хартија - креативните медиуми од Canon ја насочуваат вашата креативност во нов правец.

Извлечете максимум од вашите фотографии

Доживејте го целосниот креативен потенцијал на вашиот PIXMA уред со софтверот My Image Garden. Овој практичен софтвер го олеснува печатењето на фотографии и ве инспирира да добиете креативни идеи. Можете рачно да создавате и печатите колажи со фотографии, картички и календари или да му дозволите на софтверот автоматски да ги комбинира вашите фотографии на креативен начин и да ги подготви за печатење.

My Image Garden, со компатибилни печатачи, ви овозможува пристап до ексклузивни содржини од интернет од CREATIVE PARK PREMIUM за да добиете поголема инспирација.

Пребарување на потрошни материјали

Пронајдете го соодветниот картриџ или резервоар за мастило и хартија за вашиот печатач PIXMA со помош на пребарувачот на потрошни материјали. Создавајте висококвалитетни и долготрајни фотографии или документи со професионален изглед со оригиналните потрошни материјали од Canon.