Canon PIXMA G2400

PIXMA G2400

Ефикасен повеќефункционален печатач со резервоари за мастило за голема потрошувачка кој овозможува печатење со неверојатни резултати и мали трошоци, независно дали станува збор за документи и фотографии во домот или во канцеларијата.

Придобивки

  • Повеќефункционален печатач за печатење голем обем на документи и фотографии
  • Во боја: 7.000 страници. Црно-бело: 6.000 страници*
  • Фотографии од 4x6” без рабови за прибл. 60 секунди
  • Разновиден дизајн за вашите потреби за печатење, копирање и скенирање
  • Економично печатење на големи количини.

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon PIXMA G2400

Разновидни опции


Тој е совршен за користење во домот, домашни канцеларии и мали деловни опкружувања и соодветен за сите корисници кои сакаат да печатат документи и фотографии. Нашиот повеќефункционален уред нуди ненадминат обем на работа до 7000 страници во боја и 6000 црно-бели страници*, што значи дека ќе уживате во значителни заштеди и мали трошоци за печатење.

Мастило со црн пигмент и мастила базирани на боја


Подобрете го квалитетот на материјалите што ги печатите со нашите висококвалитетни мастила со црн пигмент и мастила базирани на боја кои ќе ви помогнат во создавање неверојатно остри текстови и прекрасни живописни слики. Исто така, ќе ви овозможат да печатите фотографии од 4 x 6” без рабови за приближно 60 секунди.

Вградени резервоари со мастило


Дизајнот е во прв план на серијата PIXMA G, а нашите резервоари со мастило поставени на предната страна се менуваат лесно поради што можете да ги следите нивоата на мастилата на едноставен начин, за да не се изненадите доколку снема мастило. Нашиот компактен и елегантен дизајн овозможува целосна интеграција во домот/канцеларијата.

Сигурни компоненти за печатење големи количини


Работевме напорно за да го направиме системот стабилен при печатење големи количини со подобрувањата на нашата глава за печатење FINE и технологија која спречува навлегување воздух во системот на цевки за мастило.

Креативно печатење


Веруваме дека секој треба да може да печати прекрасни материјали на едноставен начин. Интеграцијата на софтверот „My Image Garden“ ќе ви овозможи едноставно организирање, подредување и уредување фотографии, за да можете лесно да ги отпечатите потребните материјали.

*Потрошувачката на страници претставува вредност што е пресметана врз основа на посебен метод за тестирање на Canon, користејќи ја симулацијата за континуирано печатење и табелата ISO/IEC 24712 со резервни резервоари за мастило по почетното поставување. Различните потрошувачки на страници не треба да се комбинираат.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon PIXMA G2400, неговите функции и можности.

Borderless Printing

Печатење без рабови

High page yield

Печатете голем обем на документи и фотографии

High Ink System

Мастило со црн пигмент и мастила базирани на боја

4800dpi

Печатење на фотографии со висока резолуција

My image garden

Креативен софтвер One Stop

Integrated Ink Tanks

Резервоари за мастило што лесно се дополнуваат

Sharp Black Text

Печатете документи со остар текст

2pl

Микро капки мастило за прецизно печатење

  • 3-во-едно печатач - PIXMA G2400
  • 4 резервоари за мастило за голема потрошувачка 
  • Кабел за напојување
  • CD-ROM за поставување (CD само за Windows)
  • Упатства и други документи