Печатачи за во домот

Canon PIXMA iP100

Прецизно печатење на фотографии и документи во движење со напредни опции за поврзување.

Придобивки

  • Пренослив печатач за документи и фотографии

  • Глават за печатење FINE 9600 x 2400 dpi

  • Систем со 5 мастила

  • Отпечатоци од фотографии за 50 сек

  • ChromaLife100

  • Печатење документи во црно-бело со 20 стр/мин, во боја со 14 стр/мин

  • Стилска сребрена завршна обработка

  • Печатење преку IrDA IR и изборно преку Bluetooth

Детални карактеристики

  • Исклучителен пренослив квалитет

    Ултра-преносливиот PIXMA iP100 ја користи технологијата на Canon, на FINE глава за печатење, за неверојатно квалитетно печатење фотографии и документи, каде и да сте. Микро-дизните, кои исфрлаат малечки капки мастило од 1pl, овозможуваат висока резолуција од 9600 x 2400dpi, произведувајќи отпечатоци со квалитет, водечки во класата.

  • Сопствена технологија на мастило

    Подобрениот систем на 5 мастила го максимизира квалитетот, како на фотографиите, така и на документите. Фото-црното мастило обезбедува богат контраст на бојата и длабоки црни тонови во фотографиите, додека посебното пигментно црно мастило се користи за да се произведе свеж, остар текст, за документи од деловна класа.

  • Големи брзини на печатење

    PIXMA iP100 печати отпечатоци од 10 x 15cm, без рамка и со квалитет на фотолабораторија, за само 50 секунди. Документите може да се печатат со брзини до 20 стр/мин во црно-бело и 14 стр/мин во боја.

  • Убави, долговечни отпечатоци

    Системот на Canon ChromaLife100 испорачува убави, трајни фотографии, со зголемена издржливост до 100 години*. Со користење патронот FINE, Canon мастила и оригинални Canon фотохартии, системот обезбедува долговечни убави фотографии.

  • Слобода на печатење

    PIXMA iP100 нуди IrDA IR поврзување како стандард и изборен адаптер за Bluetooth®, за практично печатење, без кабел. Способноста за безжично печатење од компатибилни телефони со камера, компјутери и PDA-уреди, придонесува кон разновидната можност за ракување со печатачот.

Спецификации

  • Практична и едноставна замена

  • Неверојатно мали капки мастило за прецизно печатење

  • Печатење на фотографии со висока резолуција

  • Глава на печатач со врвен фото-лабораториски квалитет

  • Автоматски корекции на слики

  • Директно печатење од фотоапаратот

  • Инфрацрвено поврзување

  • Поврзување преку Bluetooth со адаптер