Печатачи за во домот

Canon PIXMA iP2850

Достапен и висококвалитетен печатач со технологијата FINE од Canon - совршен печатач за на работна маса.

Придобивки

  • Компактен, стилски и достапен домашен печатач

  • Висококвалитетни испечатени материјали со технологијата за картриџи FINE

  • Брзини на печатење на A4 документи: 8,0 црно-бели слики/мин. / 4,0 слики во боја/мин.

  • Печатете повеќе со помали трошоци со изборните XL картриџи

  • Функцијата за автоматско исклучување го исклучува печатачот кога не се користи

Детални карактеристики

  • Достапен домашен печатач

    Достапниот домашен печатач со два картриџа за мастило, кој е едноставен за користење, е идеален за секојдневно печатење на документи и фотографии. Едноставното поврзување преку USB и компактниот дизајн го прават идеален печатач за на маса.

  • Квалитетни отпечатоци

    Печатете висококвалитетни документи и слики со неверојатно ниво на детали, благодарение на технологијата FINE и хибридниот систем на мастила на Canon. Картриџите со бои користат мастила базирани на боја за живописно печатење во боја, додека картриџот со црна боја содржи мастило со пигмент за јасен и остар текст.

  • Заштедете пари на мастило

    Печатете повеќе со помали трошоци. XL картриџите овозможуваат печатење на значително повеќе страници и подолги временски периоди од едно до друго менување на мастило – идеално доколку печатите често - и можат да ви понудат заштеди до 30% од страница во споредба со нивните стандардни еквиваленти.

  • My Image Garden

    My image Garden овозможува едноставно организирање и печатење на вашите фотографии. Напредните функции, како препознавањето на лица, ви овозможуваат да пребарувате низ сите слики на вашиот компјутер, дури и оние кои одамна не сте ги погледнале, а потоа ќе ги употреби за да создаде нови привлечни дизајни за печатење.

  • Интелигентно печатење од интернет

    Функцијата за автоматско отсекување на дополнителната компонента Easy-WebPrint EX за Internet Explorer, овозможува едноставно печатење единствено на оние содржини од интернет кои ви се потребни. Отсекувајте одредени информации од повеќе веб-страници и испечатете ги на една страница за да заштедите хартија.

  • Заштедете енергија

    Опцијата за автоматско исклучување автоматски го исклучува печатачот доколку не се користи одреден временски период – со што заштедувате енергија. Опцијата за автоматско вклучување овозможува практично вклучување на печатачот кога ќе започнете да печатите. Тивкиот режим може значително да го намали шумот при користењето, овозможувајќи речиси бесшумно печатење во домот.

Спецификации

  • Практична и едноставна замена

  • Печатење на фотографии со висока резолуција

  • Изборни мастила за голема потрошувачка

  • Едноставен креативен софтвер

  • Интелигентно печатење од интернет

  • Се вклучува кога ќе започнете да печатите

  • Речиси бесшумно печатење во домот

Што содржи кутијата

  • A4 печатач – PIXMA iP2850

  • FINE картриџи (со бои и црн)

  • Кабел за напојување

  • CD-ROM за поставување

  • Упатства и други документи