Печатачи за во домот

Canon PIXMA MG2950

Поврзете се со стил користејќи достапен и висококвалитетен сè-во-едно уред со Wi-Fi за да печатите, копирате и скенирате.

Придобивки

  • Безжично поврзување. Лесно поврзување, печатење, копирање и скенирање на начин кој ви одговара со сè-во-едно уредот со Wi-Fi и висок квалитет

  • Доловете ги деталите со брзото и висококвалитетно печатење со технологијата на картриџи FINE

  • Подгответе се за печатење и скенирање без напор преку паметни уреди со апликацијата Canon PRINT

  • Уживајте во креативната слобода на печатење од Cloud со PIXMA Cloud Link

  • Печатете повеќе страници за вашите пари со изборните XL мастила

Детални карактеристики

  • Компактен "сè-во-едно" уред со Wi-Fi

    Преминете на Wi-Fi. Овој сè-во-едно уред може да се користи и споделува безжично во домот и да се користи далечински преку мобилни уреди - така што сите можат да уживаат во истите висококвалитетни резултати. Тој е идеален за вашите секојдневни потреби за печатење, скенирање и копирање, а се одликува и со безжичен LAN PictBridge преку кој можете лесно да ги печатите вашите фотографии директно од компатибилни безжични фотоапарати. Благодарение на неговиот компактен и стилски дизајн, тој овозможува заштедување на простор, лесно полнење со хартија и замена на мастила.

  • Заштедете пари на мастило

    Печатете повеќе за вашите пари. Печатете многу повеќе страници без потреба да ги менувате мастилата често - со изборните XL FINE картриџи. Вашите заштеди ќе се зголемат до 30 % по страница во споредба со нивните стандардни еквиваленти.

  • Брзо, квалитетно печатење

    Очекувајте неверојатни нивоа на детали. Без разлика што печатите или копирате, системот на картриџи FINE со резолуција на печатење до 4.800 dpi нуди живописни бои и остар текст. Печатењето е исто така многу брзо - со ISO ESAT брзини од 8 слики/мин. во црно-бело и 4 слики/мин. во боја.

  • Поврзување со Cloud услуги

    Уживајте во слободата на печатењето од Cloud. Користете го вашиот паметен телефон или таблет уред за да печатите фотографии за неколку секунди од Facebook, Twitter и онлајн албуми. Благодарение на подобрениот PIXMA Cloud Link, отсега ќе можете да пристапувате и да ги печатите вашите документи од GoogleDrive.

  • Можност за поврзување со паметен телефон и таблет уред

    Печатачот може да се поврзе и користи со паметни телефони. Само преземете ја апликацијата Canon PRINT за вашиот паметен телефон или таблет-уред. Со користење на апликацијата можете директно да пристапувате и да печатите од Cloud услуги. Исто така, можете да го проверувате статусот на печатачот, прирачникот за користење или нивоата на мастила во реално време преку Wi-Fi или интернет. За да ги добиете сите опции за поврзување со мобилни уреди, достапна е и поддршка за Google Cloud Print.

  • Креативно користење

    Забавувајте се додека ја истражувате вашата креативност. Со Easy Photo Print+ (достапно преку апликацијата Canon PRINT) можете да дизајнирате и печатите честитки, колажи со фотографии и многу повеќе на едноставен начин со помош на оваа интернет услуга, користејќи слики од вашиот таблет-уред, компјутер или Cloud услуга.

  • Паметно активирање

    Кај овој сè-во-едно уред нема долго време на чекање. Можете да го користите секогаш кога ќе посакате - се вклучува автоматски веднаш штом му испратите нешто за печатење. Тој, исто така, се исклучува доколку не го користите одреден временски период со што заштедува енергија. А благодарение на тивкиот режим, нема ниту да забележите дека печати.

Спецификации

  • Практична и едноставна замена

  • Печатење на фотографии со висока резолуција

  • Неверојатно мали капки мастило за прецизно печатење

  • Изборни мастила за голема потрошувачка

  • Безжично користење и споделување

  • Печатете директно од Cloud

  • Апликација Canon PRINT

  • Се вклучува кога ќе започнете да печатите

Што содржи кутијата

  • "Сè-во-едно" печатач – PIXMA MG2950

  • FINE картриџи

  • Кабел за напојување

  • CD диск за поставување (CD само за Windows – драјверите за Mac се достапни на интернет)

  • Упатства и други документи