Печатачи за во домот

Canon PIXMA MG6650

Дизајниран да ви помогне во изразувањето на вашата креативност, овој сè-во-едно фото печатач со 5 мастила и високи перформанси нуди печатење со извонреден квалитет. Напредното поврзување преку Wi-Fi овозможува едноставно и директно печатење од паметни телефони и Cloud.

Придобивки

  • Поврзете се, печатете, копирајте и скенирајте на начин кој ви одговара со сè-во-едно уредот со Wi-Fi и високи перформанси

  • Уживајте во креативна слобода за печатење од Cloud и скенирање со PIXMA Cloud Link*

  • Подгответе се за печатење и скенирање без напор од паметни уреди преку NFC со користење на PIXMA Touch & Print

  • Печатете висококвалитетни материјали со голема брзина кои со гордост ќе ги споделите

  • Променете го само мастилото кое се потрошило, благодарение на 5-те одделни резервоари за мастило

Детални карактеристики

  • "Сè-во-едно" уред со високи перформанси

    Изразете ја вашата креативност преку печатење. Идеален придружник за фотоапарати - овој сè-во-едно уред за во домот нуди можности за поврзување и високи перформанси, како и напреден систем со 5 мастила, брзо печатење, копирање, опции за скенирање и пристап до Cloud услуги. Тој е дизајниран за безжично споделување во домот и далечинско користење преку мобилни уреди, а овозможува и едноставно печатење на вашите фотографии директно од мемориски картички и компатибилни безжични фотоапарати.

  • Поврзување со Cloud услуги

    Поврзете се директно со Cloud услугите. Уживајте во печатење од и скенирање кон интернет - директно од екранот на печатачот. Со подобрениот PIXMA Cloud Link можете да печатите фотографии за неколку секунди од Facebook, Twitter и онлајн фото албуми. Печатете/скенирајте документи од Cloud услуги како Google Drive, OneDrive и Dropbox. Можете дури и да прикачувате и испраќате скенирани фајлови/слики директно преку e-mail – без користење на компјутер.*

  • Можност за поврзување со паметен телефон и таблет уред

    Печатачот може да се поврзе и користи со паметни телефони. Едноставно преземете ја апликацијата PIXMA Printing Solutions од Canon за вашиот паметен телефони или таблет уред. Со користење на апликацијата можете директно да пристапувате до Cloud услуги. Исто така, можете да го проверувате статусот на печатачот, прирачникот за користење или нивоата на мастила во реално време преку Wi-Fi или интернет. За да ги добиете сите опции за поврзување со мобилни уреди, достапна е и поддршка за Apple AirPrint и Google Cloud Print.

  • Брзо печатење со извонредни резултати

    Импресионирајте го семејството и пријателите со испечатените материјали со врвен квалитет. Прикажувајте ги сликите исполнети со високи нивоа на детали со задоволство и печатете документи со професионален изглед и остар текст, благодарение на 5-те единечни мастила, технологијата FINE на Canon и резолуцијата на печатење до 4800 dpi. Печатењето е исто така многу брзо - со ISO ESAT брзини од 15 слики/мин. во црно-бело и 9,7 слики/мин. во боја. Можете да печатите фотографии од 10 x 15 cm без рабови за приближно 44 секунди.

  • Едноставна контрола со допир

    Уживајте во чувство на класа. Ракувањето е едноставно и интуитивно со контролата на допир. Навигацијата низ менијата, избирањето функции, прегледувањето слики и користењето на Cloud услуги е брзо и едноставно, благодарение на големиот екран на допир во боја од 7,5 cm.

  • Заштедете пари на мастило и хартија

    Уживајте во минимален отпад и максимални заштеди. Благодарение на одделните резервоари за мастило, треба да ја менувате само бојата која ќе се потроши. Освен тоа, можете да печатите повеќе страници за вашите пари доколку ги користите изборните XL мастила и штедите хартија со автоматското 2-страно печатење.

  • Креативно користење

    Забавувајте се додека ја истражувате вашата креативност со Easy Photo Print+ (достапно преку апликацијата PIXMA Printing Solutions). Дизајнирајте и печатете честитки, колажи со фотографии и многу повеќе на едноставен начин со помош на оваа интернет услуга - користејќи слики од вашиот таблет уред, компјутер или Cloud услуга.

Спецификации

  • Променете го само мастилото кое се потрошило

  • Голем екран на допир

  • Изборни мастила за голема потрошувачка

  • Безжично користење и споделување

  • Печатење и скенирање кон Cloud услуги

  • Вграден читач на картички

  • Апликација PIXMA Printing Solutions

  • Брзо поврзување со поддршка за NFC

Што содржи кутијата

  • "Сè-во-едно" печатач - PIXMA MG6650

  • Резервоари за мастило за поставување

  • Кабел за напојување

  • CD диск за поставување (CD само за Windows – драјверите за Mac се достапни на интернет)

  • Упатства и други документи