Печатачи за во домот

Canon PIXMA MG7150

Врвен "сè-во-едно" фото печатач со 6 мастила за професионални резултати во домот. Стилски и едноставен за користење, со интуитивно управување преку допир, тој нуди напредно поврзување за печатење од паметни уреди и директно од Cloud.

Придобивки

  • Врвен "сè-во-едно" фото печатач со елегантен, компактен дизајн: печатење, копирање и скенирање за во домот

  • Директно печатење од Cloud преку екранот на печатачот: печатете од онлајн албуми, социјални мрежи и Cloud мемориски простор

  • Печатење и скенирање без напор од паметни телефони и таблет уреди преку Wi-Fi

  • Управувајте со вашиот печатач речиси од секаде со апликацијата PIXMA Printing Solutions

  • Фотографии со извонреден квалитет благодарение на системот со 6 одделни мастила (достапни се XL опции)

Детални карактеристики

  • Врвен "сè-во-едно" фото печатач

    Стилски и компактен, овој врвен "сè-во-едно" уред нуди печатење, копирање и скенирање со исклучителен квалитет и напредно поврзување преку Wi-Fi, етернет и Cloud. Идеален за фото ентузијастите, тој овозможува брзо и лесно печатење од повеќе компјутери, безжични фотоапарати, мемориски картички, Cloud услуги и мобилни уреди.

  • Печатење преку Cloud

    Печатете директно од интернет, со напредната опција PIXMA Cloud Link. Печатете фотографии за неколку секунди од Facebook, twitter и онлајн албуми како image.canon, како и документи од услугите Cloud како Evernote и Dropbox - без да користите компјутер. Преземајте стационарни и други шаблони директно од PIXMA Cloud.

  • Можност за поврзување со паметен телефон и таблет уред

    Управувајте со вашиот печатач речиси од секаде со помош на паметен уред. Преземете ја апликацијата PIXMA Printing Solutions од Canon за да вршите печатење и скенирање преку вашиот smartphone уред, како и директно преку услугите Cloud. Ќе можете дури и да го проверите статусот на печатачот, упатството за користење или нивоата на мастило. Исто така, достапна е и поддршка за Apple AirPrint и Google Cloud Print.

  • Извонредни перформанси

    Системот со 6 мастила содржи сива боја за создавање на фотографии со побогати бои и печатење на неверојатни црно-бели фотографии, додека технологијата FINE од Canon, со резолуција до 9600dpi, обезбедува исклучителни детали за фотографии со професионален квалитет. Овој "сè-во-едно" уред се одликува со голема брзина на печатење A4 документи од 15 црно-бели слики/мин. / 10 слики во боја/мин. и овозможува печатење на фотографии без рабови од 10x15 cm за прибл. 21 секунда.

  • Ракување со допир

    Големиот панел на допир со екран на допир во боја од 8,8cm нуди интуитивно ракување со прстите за брза и едноставна навигација низ менијата и го олеснува избирањето на функциите, прегледувањето на сликите или користењето на услугите Cloud.

  • Заштедете пари на мастило

    Со одделните резервоари за мастило вие ќе треба да ја смените само бојата која се потрошила. Изборните XL мастила овозможуваат печатење на повеќе страници отколку со стандардните мастила, обезбедувајќи ви заштеди до 30% по страница.

  • My Image Garden

    Овој едноставен софтвер нуди решенија за организирање и печатење на вашите фотографии, скенирање и пристап до интернет услуги. Напредните функции, како препознавањето на лица, го олеснуваат пребарувањето на фотографиите во вашиот компјутер и пронаоѓањето на саканите.

  • Разновидно управување со медиуми

    Автоматското 2-страно печатење ја намалува количината на хартија која ја користите и создава професионални двострани документи. Двата целосно интегрирани фахови за хартија овозможуваат истовремено сместување на обична и фото хартија. Дизајнирајте и печатете ознаки директно на компатибилни дискови.

Спецификации

  • Променете го само мастилото кое се потрошило

  • Изборни мастила за голема потрошувачка

  • Автоматско двострано печатење

  • Безжично користење и споделување

  • Апликација PIXMA Printing Solutions

  • Можност за поврзување на таблет уред и smartphone уред

  • Печатете директно од Cloud

  • Вграден читач на картички

  • Печатете директно на дискови

  • Екран на допир кој е едноставен за користење

  • Голем екран на допир

  • Се вклучува кога ќе започнете да печатите

Што содржи кутијата

  • "Сè-во-едно" печатач – PIXMA MG7150

  • Резервоари за мастило за поставување

  • Кабел за напојување

  • CD-ROM за поставување

  • Матирана фото-хартија MP-101 (за автоматско подредување на глава на печатач)

  • Упатства и други документи