Паметно печатење за поврзани луѓе

Инспирирајте ја вашата креативност. Благодарение на можноста за печатење неверојатни фотографии директно од секој уред, вашите отпечатени материјали ќе бидат импресивни доколку го користите нашиот систем со 6 мастила. Тој е дизајниран да обезбеди квалитет и брзина за да уживате во едноставно поврзување со паметни уреди и со услугите Cloud преку интуитивни контроли на допир.

Emily и Phenakistoscope

Уживајте во брзо печатење со врвен квалитет

Печатете фотографии со врвен квалитет за само неколку секунди. Уживајте во најдобрите резултати што сме ги понудиле досега со резолуција од 9.600 dpi кои со задоволство ќе сакате да ги покажете на останатите. Отпечатете ги вашите фотографии со прекрасни и богати бои или во црно-бел формат со технологијата FINE на Canon

Вашиот креативен процес

„Задоволство ми е да сум опкружена со слики кои ме инспирираат, сакам да ги испечатам сите, да ги закачам околу мене и да го споделам тоа што сум го создала“ (Emily, Vine Artist)
Серијата PIXMA MG7700 ќе ви помогне да добиете инспирација, независно каде се зачувани вашите слики. Користете го фотоапаратот, паметни уреди, па дури и Cloud услуги за да ги отпечатите вашите слики со висок квалитет и да бидете креативни.

Висококвалитетно печатење со новите мастила од Canon

Користете го нашиот систем со 6 одделни мастила за да печатите реалистични фотографии од 10 x 15 cm без рабови за само 21 секунда. Тие се создадени да бидат практични и треба да ја менувате само бојата која ќе се потроши.
Со напредниот развој на бои, меѓу кои и сивото мастило за извонредни црно-бели слики и наменското мастило со црн пигмент за остар текст, бидете сигурни дека сè што ќе отпечатите ќе ве импресионира.

Беспрекорно поврзување на уредот и печатачот

Кога можете да печатите од секој уред, создавањето сопствени проекти не може да биде поедноставно. Користете ја апликацијата Canon PRINT за да скенирате и печатите без напор преку вашиот таблет-уред или мобилен уред. Вградениот режим Wi-Fi Direct® создава безжична ад-хок мрежа и овозможува едноставно впарување на печатачот со вашиот паметен уред

Интегрирајте го печатењето во вашиот живот

Интегрирајте го печатењето во вашиот живот

Без разлика што ќе снимите или пронајдете на интернет, отпечатете го на едноставен начин.

Преземете ја апликацијата Canon PRINT за да можете лесно да печатите и скенирате слики снимени со вашиот уред или слики од интернет. Ако користите паметен телефон или таблет-уред, ќе можете да пристапувате директно до Cloud услугите и да го проверувате статусот на печатачот, прирачникот за користење или нивоата на мастила во реално време.

Поле за комуникации во близина (NFC)

Поле за комуникации во близина (NFC)

Без разлика каков уред користите, поврзувањето со печатачот треба да биде едноставно и ние ќе ви понудиме поддршка за тоа. Поврзувањето со печатачот е брзо и едноставно кога користите уреди што поддржуваат NFC. Само преземете ја апликацијата Canon PRINT, допрете го вашиот уред што поддржува NFC до печатачот и тоа е сè.

Безжичен PictBridge

Безжичен PictBridge

Заштедете време со можноста за снимање слики во вашиот фотоапарат кои можете да ги испечатите со неверојатен квалитет без да користите компјутер. Користејќи ја безжичната технологија, треба само да ја испратите сликата да се печати директно од вашиот фотоапарат.

Печатете и скенирајте без напор директно од Cloud

PIXMA Cloud Link

Печатете фотографии за неколку секунди од Instagram, Facebook и Flickr со напредниот софтвер PIXMA Cloud Link

Погледни видео запис

Интегрирајте го печатењето во вашиот креативен процес

Уживајте во креативна слобода за печатење и скенирање од Cloud. Воодушевете се од можноста за споделување во движење и печатење во домот. Со напредниот софтвер PIXMA Cloud Link може да печатите фотографии за неколку секунди од омилените социјални мрежи како Facebook, Instagram и Flickr.

Внесете реалистичност во омилените фотографии

Печатач со разновидни опции кои ќе ги олеснат вашите проекти.
Со апликацијата Canon PRINT можете да печатите од секаде каде што ја црпете инспирацијата. Независно дали е Facebook, Instagram или вашата Cloud платформа, пребарувајте фајлови од мобилниот уред или директно од печатачот и направете копии од нив за неколку секунди.

Вчитувајте скенирани фајлови во Cloud услуги

Скенирање кон Cloud

Вчитајте ги скенираните документи и слики директно од печатачот во Cloud.
Со поддршката за GoogleDrive можете веднаш да ги споделувате скенираните документи со други луѓе

Погледни видео запис

Интуитивен екран на допир од Canon

Едноставен пристап до сите ваши Cloud платформи

Дизајниран за вас. Пристапете до вашите Cloud платформи преку нашиот интуитивен панел на допир допирајќи со вашите прсти.
Користејќи го екранот на допир од 8,8 см, пронајдете ги брзо вашите најдобри слики, прегледајте ги и отпечатете ги беспрекорно без да се оддалечите од печатачот.

Спецификации

Променете го само мастилото кое се потрошило

Променете го само мастилото кое се потрошило

Изборни мастила за голема потрошувачка

Изборни мастила за голема потрошувачка

Безжично користење и споделување

Безжично користење и споделување

Печатење и скенирање кон Cloud услуги

Печатење и скенирање кон Cloud услуги

Апликација PRINT Inkjet/SELPY од Canon

Апликација PRINT Inkjet/SELPHY од Canon

Екран на допир кој е едноставен за користење

Екран на допир кој е едноставен за користење

Голем екран на допир

Голем екран на допир

Брзо поврзување со поддршка за NFC

Брзо поврзување со поддршка за NFC

Погледнете ги сите спецификации

Download drivers, software, firmware and manuals.

Product support

Модели во оваа серија*

  • PIXMA MG7750 - црна боја
  • PIXMA MG7751 - бела боја
  • PIXMA MG7752 - црвена боја
  • PIXMA MG7753 - златна боја

* некои бои се достапни само во одредени продавници

Дополнителна опрема

Може да ви се допадне и следното...

Разгледајте ја палетата на PIXMA и сè-во-едно печатачите за да пронајдете кој печатач ви одговара најмногу.

MG3650

Поврзете се лесно со паметни уреди и Cloud услуги користејќи го овој компактен сè-во-едно уред со Wi-Fi. Уживајте во брзо и висококвалитетно печатење , копирање и скенирање со можност за 2-страно печатење и користење на изборните XL картриџи.

Серија MG5700

Печатење и скенирање без напор преку паметни уреди и преку Cloud. Забавувајте се додека создавате прекрасни слики и документи со овој разновиден и практичен сè-во-едно уред со 5 мастила.

Серија MG6800

Овој сè-во-едно уред со 5 мастила и високи перформанси располага со Wi-Fi и екран на допир и го олеснува печатењето на вашите документи и фотографии директно од паметни уреди, а нуди и пристап до Cloud услугите за складирање.