Печатачи за во домот

Canon PIXMA MX475

Печатете, копирајте, скенирајте и испраќајте факс на едноставен начин со овој достапен сè-во-едно уред со Wi-Fi.

Придобивки

  • Достапен "сè-во-едно" печатач со функции за печатење, копирање, скенирање и факс

  • Безжично поврзување за едноставно споделување во домот или канцеларијата

  • Брза обработка на документи со повеќе страници со помош на механизмот за автоматско снабдување со документи за 30 листови

  • Апликација Canon PRINT и поддршка за Google Cloud Print и Apple AirPrint

  • Уживајте во брзини на печатење на A4 документи од 9,7 црно-бели слики/мин. / 5,5 слики во боја/мин.

Детални карактеристики

  • Достапен "сè-во-едно" уред со Wi-Fi

    Идеален за секојдневно користење во домот или во мала канцеларија, овој безжичен "сè-во-едно" уред за печатење, копирање, скенирање и испраќање факс ви овозможува да ги споделувате неговите функции помеѓу повеќе компјутери и мобилни уреди. Тој се одликува и со компактен дизајн FastFront за поедноставно полнење на хартија и замена на мастила.

  • Можност за поврзување со паметен телефон и таблет уред

    Преземете ја апликацијата Canon PRINT и уживајте во флексибилно печатење од, како и скенирање кон, вашите паметни уреди преку Wi-Fi мрежа. Благодарение на поддршката за Apple AirPrint, ќе можете да печатите директно од Apple iPhone, iPad и iPod touch. Исто така, достапна е поддршка за Google Cloud Print.

  • Висок квалитет, брзина

    Технологијата FINE за мастила од Canon овозможува брзо печатење со врвен квалитет во секое време – од живописна и сјајна графика до деловни документи со извонредна јасност. Уживајте во брзини на печатење на A4 документи од 9,7 црно-бели слики/мин. или 5,5 слики во боја/мин. и копирање на A4 страници во боја за приближно 24 секунди.

  • Заштедете пари на мастило

    Печатете повеќе со помали трошоци. Изборните XL картриџи овозможуваат печатење на значително повеќе страници и подолги временски периоди од едно до друго менување на мастило – идеално доколку печатите често - и можат да ви понудат заштеди до 50% од страница во споредба со нивните стандардни еквиваленти.

  • Механизам за автоматско снабдување со документи

    За максимална продуктивност, вградениот автоматски механизам за снабдување со документи за 30 листа го забрзува и олеснува скенирањето, копирањето или испраќањето на големи документи преку факс.

  • Режим на пристапна точка

    Режимот на пристапна точка овозможува безжично печатење на барање од преносливи уреди дирекно преку печатачот, без да пристапувате на заштитена Wi-Fi мрежа.

Спецификации

  • Практична и едноставна замена

  • Скенирање со висока резолуција

  • Безжично користење и споделување

  • Апликација Canon PRINT

  • Можност за поврзување на таблет уред и smartphone уред

  • Изборни мастила за голема потрошувачка

  • Автоматско копирање на повеќе страници

  • Функција за ФАКС

Што содржи кутијата

  • "Сè-во-едно" печатач – PIXMA MX475

  • FINE картриџи (во боја, црн)

  • Кабел за напојување

  • CD-ROM за поставување

  • Упатства и други документи