Печатачи MegaTank

Canon PIXMA G6040

Печатач со резервоар за мастило што се дополнува и што нуди голем обем на печатење, квалитет и функционалност со мали трошоци по страница.

  • Практичен и компактен

    Повеќефункционалноста и предниот панел со 2-линиски LCD-екран што се закосува овозможуваат компактност и практичност - идеално за претприемачи што работат дома или во мали канцеларии.

  • Огромен обем на печатење

    Печатете максимум 18.000 страници од 3 шишиња црно мастило или 7.700 страници од комплет бои*, дополнувајте мастило со практичните шишиња и работете континуирано со автоматското 2-страно печатење и капацитетот за обична хартија од 350 листови.

  • Паметно поврзување

    Печатете, скенирајте, копирајте и поврзувајте се на Cloud преку апликацијата Canon PRINT и PIXMA Cloud Link. Поврзете се преку етернет и печатете со AirPrint (iOS), Mopria (Android) или Windows 10 Mobile.

  • Јасен и остар текст

    Печатете професионално со голема брзина и црно мастило со пигмент и добијте остар и јасен текст. Печатете висококвалитетни фотографии без рабови со големини до A4 со мастилата со живописни бои.

  • Целосна интеграција

    Следете ги далечински нивоата на мастило во печатачот, користењето и статусот преку софтверот Management Information Base што нуди потполна контрола.

Спецификации

  • Вградени резервоари со мастило

    4 резервоари за мастило за голема потрошувачка што се дополнуваат за мали работни трошоци.

  • Печатење големи количини

    До 18.000 страници од 3 шишиња црно мастило или 7.700 страници од комплет мастила во боја*.

  • Капацитет за 350 листови

    Голем капацитет за обична хартија.

  • Сите опции за поврзување

    Етернет и Wi-Fi

  • Можност за поврзување со паметен телефон

    Добијте целосна контрола со апликацијата Canon PRINT (iOS и Android)

  • Врвен квалитет, максимална брзина

    Печатете остар црн текст и живописни фотографии без рабови во големини до A4

  • Едноставна контрола

    Уживајте во практично користење и контрола преку 2-линискиот еднобоен LCD-екран со можност за закосување

  • Автоматско 2-страно печатење

    Заштедете време со автоматското двострано печатење

PIXMA G6040
  1. * Бројот на страници што може да ги отпечатите со првото шише мастило е помал во однос на замената, бидејќи за време на првичното поставување е потребна одредена количина на мастило за да се наполни главата за печатење. Потрошувачката на страници претставува вредност што е пресметана врз основа на посебен метод за тестирање на Canon, користејќи ја симулацијата за континуирано печатење и табелата за бои ISO/IEC 24712 со резервни шишиња со мастило по почетното поставување.
    Потрошувачката на страници за црното мастило и мастилата во боја не треба да се комбинира.
    Потрошувачката на страници може значително да се разликува во зависност од содржините што се печатат и други фактори.

    ** Измерено по меѓународни стандарди, во зададен режим. При непрекинато последователно печатење, печатачот може да ја намали брзината со која го извршува процесот за да спречи покачување на внатрешната температура.

Што содржи кутијата

Сите алатки што ви се потребни за да започнете да печатите големи количини со помали работни трошоци.

  • Повеќефункционален печатач со резервоари за мастило што се дополнуваат - PIXMA G6040 од Canon

  • 6 шишиња со мастило за голема потрошувачка (3x црна боја и 1x Ц/М/Ж)

  • Кабел за напојување

  • CD-ROM за подесување

  • Упатства и други документи

Производите од Canon го вадат најдоброто од нив

Користењето на мастилата и хартиите од Canon во комбинација со вашиот печатач од Canon ви дава исклучителни резултати со фотолабораториски квалитет во секое време.

  • Апликација Canon PRINT

    Испраќајте фотографии на вашиот домашен печатач за само неколку секунди.

  • Палета на PIXMA хартии

    Пронајдете ја вистинската хартија за вашите потреби и добијте фотографии со фотолабораториски квалитет.

  • Извлечете максимум од вашиот печатач

    Дознајте како да печатите фотографии од вашиот паметен уред, да создавате модели од хартија, приспособени налепници за нокти, календари, честитки и многу повеќе.

  • Апликација Creative Park

    Од едноставни идеи за модели па сè до 3D-модели во оригами стил - внесете ја забавата со моделите од хартија во секојдневниот живот и додајте уникатни елементи во вашите креации со функцијата за уредување.

Слични производи

  • PIXMA_G5045

    Печатачи MegaTank

    PIXMA G5040

    Зголемете го времето на активна работа и намалете ги трошоците со практичен печатач со резервоари за мастило што се дополнуваат
  • PIXMA GM2040

    Печатачи MegaTank

    PIXMA GM2040

    Печатач со резервоар за мастило што се дополнува - добијте максимална продуктивност со решение за мали вкупни трошоци за користење.