Инк-џет печатачи
Овој компактен, практичен, повеќефункционален печатач од типот „4 во едно“, со функција ADF, лесно се поврзува преку Wi-Fi и Cloud, поради што е совршен за работа од дома.
Повеќефункционалниот печатач којшто е компактен, повеќенаменски и лесен за поставување и користење може да копира, скенира и да испраќа факсови од документи со повеќе страници со помош на ADF-механизмот за 20 листови1. Благодарение на големата продуктивност и беспрекорното безжично поврзување, совршено се вклопува во секој домашен работен простор.
Погледнете ги сите спецификацииПоврзувањето преку Wi-Fi и апликација Canon PRINT ви овозможува контрола на функциите на печатачот од вашите паметните уреди, со што можете лесно да печатите, скенирате и да копирате.
Едноставно поставување со користење на апликацијата за паметни телефони или преку интернет. Паметните, практични опции вклучуваат лесна замена на картриџи за мастило, подобрено полнење на хартија и потсетник за отстранување на хартијата.
Зголемете ја ефикасноста со автоматското двострано печатење и ADF-механизмот за 20 листови2, коишто овозможуваат копирање и скенирање на документи со повеќе страници.
Мастилата со црн пигмент овозможуваат создавање остар текст, а мастилата базирани на боја овозможуваат создавање живи бои при печатењето на документи и фотографии, со што добивате професионална завршна обработка со остар изглед и фотографии за паметење.
Со цел намалување на влијанието врз животната средина, амбалажата е изработена од помало количество пластика, со што пластичниот отпад се намалува за приближно 65 %.3
Ефикасен ADF-механизам за 20 листови4
Брзо и ефикасно печатење со брзина од 8,8 црно-бели слики/мин. и 4,4 слики/мин. во боја
Заштедете време со автоматското двострано печатење
Уживајте во практично користење и контрола преку еднобојниот LCD-екран
Заштедете енергија кога не го користите печатачот
Печатете лесно од лаптопи, компјутери и паметни уреди
Лесно полнење со хартија до 100 страници во формат A4
Печатете фотографии од 4x6 инчи за 65 секунди
Сè што ви е потребно за да се подготвите и да почнете да работите веднаш.
Печатач од типот „4 во едно“ - серија PIXMA TR4650
2 FINE картриџи
Кабел за напојување
Кабел за факс/телефонска линија
Упатства и други документи