Печатачи за во домот

Canon Серија PIXMA TS6050

Компактен уред за печатење, скенирање и копирање за на работна маса, со повеќе опции за поврзување. Брзо и висококвалитетно печатење фотографии и документи, како и интуитивен LCD екран на допир од 7,5 cm (3”).

  • Идеален повеќенаменски домашен печатач

    Печатете, скенирајте и копирајте со овој компактен печатач за документи и фотографии. Создавајте прекрасни фотографии и документи со остар текст – преку USB кабел или Wi-Fi. Технологијата за инк-џет печатење FINE од Canon и 5-те одделни мастила нудат практично работење, намалување на трошоците и отпечатени материјали што изгледаат одлично.

  • Мали димензии

    Добијте одново дизајниран стил со помала форма, односно прибл. 30% помали димензии од претходните еквивалентни модели**. Интелигентно контрастни текстури, заоблени агли и стеснувачки контури кои го прават малиот печатач да изгледа уште помал. Извонреден печатач и одвнатре и однадвор.

  • Печатете од вашиот паметен телефон, таблет-уред или фотоапарат

    Печатете од паметниот телефон, таблет-уред или компјутер на едноставен начин, со поддршка за Mopria™ за Android, Apple AirPrint™, Windows 10 Mobile™ и апликација Canon PRINT за iOS и Android, како и повеќе опции за Wi-Fi. Печатете ги вашите фотографии директно од фотоапарати со Wi-Fi, за брзо и едноставно печатење фотографии.

  • Екран на допир со едноставен интерфејс

    Секоја функција е лесно достапна преку предниот панел кој може да се прилагодува рачно, на кој е сместен екран на допир од 7,5 cm (3”) со прегледен и едноставен интерфејс. Сите функции за печатење, копирање, скенирање и поврзување со Cloud се достапни на почетниот екран – нема потреба да губите време пребарувајќи го тоа што ви е потребно.

  • Користете ја вашата омилена Cloud услуга

    Со користење на PIXMA Cloud Link, пристапувајќи преку апликацијата Canon PRINT или преку екранот на допир на печатачот, може да печатите од популарните социјални мрежи и Cloud услуги како Facebook, Instagram, Google Drive, Dropbox, OneDrive и многу повеќе. Ќе можете дури и да вчитувате скенирани документи и фотографии во Google Drive, OneDrive и Dropbox*.

  • Намалете ги трошоците

    Не создава огромни трошоци. Користете ги изборните XL картриџи за мастило со голем капацитет од Canon и заштедете до 30% по страница во споредба со нивните стандардни еквиваленти. Со 5-те одделни картриџи за мастила ќе можете да ја замените само бојата што се потрошила.

  • Креативен софтвер

    Добијте инспирација со CREATIVE PARK и CREATIVE PARK PREMIUM*. Дизајнирајте и печатете честитки, календари, колажи со фотографии и неверојатни 3D животни, играчки и познати објекти од хартија.

  • Квадратна хартија и двоен механизам за снабдување

    Користете Canon PIXMA Cloud Link за да се поврзете со Instagram и печатете квадратни фотографии благодарение на поддршката за квадратни медиуми како што е фотохартијата Plus Glossy II од 13x13 cm (5”x5”) од Canon. Двата механизми за снабдување им овозможуваат на корисниците да ставаат фотохартија во задниот механизам и обична хартија во предната касета истовремено.

Спецификации

  • Безжично користење и споделување

  • Апликација Canon PRINT

  • Фотографии од 10x15 cm (4”x6”) за само 39 секунди

  • Ставајте обична хартија и фотохартија истовремено

  • Изборни мастила за голема потрошувачка

  • Печатење и скенирање кон Cloud услуги*

  • Екран со многу брз одзив

  • Печатете квадратни фотографии од 13x13 cm (5”x5”)

  • Променете го само мастилото што се потрошило

Што содржи кутијата

  • Сè-во-едно печатач - серија PIXMA TS6050 од Canon

  • Однапред поставени резервоари со мастило

  • Кабел за напојување

  • CD-ROM за поставување и упатства

Дополнителна опрема

  1. *Опциите за скенирање кон Cloud, скенирање кон е-пошта и CREATIVE PARK PREMIUM се достапни само за корисниците на оригинални мастила од Canon.**Споредба на волуменот со претходниот модел од серијата MG6800 кога предната касета за хартија, задниот фах и излезниот фах се вовлечени во куќиштето на печатачот. Кога во предната касета за хартија ќе ставите хартија со големина A4/LTR, дел од касетата ќе биде поиспакната од оперативниот панел (44 mm - серија PIXMA TS6050)