Ова Известување за приватност објаснува како ги обработуваме личните податоци што ги прибираме од нашите корисници и идни корисници кога тие ги користат услугите на Canon, присуствуваат на нашите настани или во нашите простории, се претплаќаат на нашите списанија или ги користат нашите веб-страници, апликации и услуги што ги опфаќа ова Известување за приватност (нашите „Услуги“).
Canon е контролорот на вашите лични податоци, односно субјектот што ги одредува „целите и средствата“ на обработката на вашите лични податоци, или со други зборови, целите за кои Canon ги обработува вашите лични податоци и начинот на кој се прави тоа. Погледнете во „Дефиниција на Canon“ во Поглавје 12 од ова Известување за приватност за повеќе информации за Canon.
Ова Известување за приватност ги опфаќа следните Услуги:
Личните податоци ги прибираме во следниве околности:
Подолу може да видите подетални информации за користењето на податоците што ги прибираме во овие околности.
Тоа се лични податоци што ни ги давате кога поставувате онлајн сметка (на пример, нашите портали за услуги) што ве идентификуваат лично вас, а не вашиот бизнис, како на пр. вашето име, деловната позиција, деловната адреса на е-пошта или телефонски број. Има повеќе причини зошто ни се потребни овие податоци:
Вашите лични податоци ќе се обработат за одговор на прашањата и за помош при идентификација на корисниците. На пример, вашите податоци за контакт ќе се прибираат кога ќе испратите формулар за повратен повик или кога ќе ги користите функциите за разговор, а во иднина може да се користат за идентификација. Кога ќе пополните формулар на нашата веб-страница или апликација, може да ги складираме релевантните податоци за идентитетот за да може да ја следиме историјата на вашето прашање и поефикасно да го одговориме.
Ги прибираме вашите податоци за да ве регистрираме за настани, вебинари или семинари за кои сте изразиле интерес, за да го обработиме вашето плаќање за настанот (каде што тоа е применливо) и за да ви ги доставиме релевантните материјали за тој настан:
На пример, во зависност од видот на настанот, ги прибираме вашето име, телефонски број (наведете го само вашиот деловен телефонски број), детали за контакт во итни случаи (ако тоа е апсолутно неопходно), прехранбените барања и другите потребни податоци за да ви овозможиме да го добиете најдоброто можно доживување.
Понекогаш водиме евиденција за вашите дејства (на пример, повторени посети на веб-страници, интеракции, клучни зборови, создавање на онлајн содржини) кога пристапувате и ги користите нашите Услуги за да може да создадеме „слика“ за корисникот со тек на времето. Во неа се вклучени и информации за уредите и методите што ги користите за да се поврзете со Услугите и содржините од Canon, вклучувајќи го и поврзувањето преку портал за услуги.
Може да ги спојуваме информациите за однесувањето (како што е вашата активност на пребарување) со вашите лични податоци, но не зачувуваме никакви лични податоци поврзани со полињата што сте ги оставиле празни за време на регистрацијата. Ако користењето на податоците што лично ве идентификуваат не е потребно за постигнување на целите наведени во овој дел, тогаш ќе ги обработиме само информациите за однесувањето на колективно ниво.
Кога ќе посетите некоја веб-страница на Canon или кога ги користите нашите Услуги, ние зачувуваме информации за вашиот оперативен систем и интернет пребарувач, вклучувајќи и информации што автоматски се евидентираат кога ги користите Услугите (на пр., побарани информации, датум и време, IP адреса, а кога тоа ќе биде потребно и можно, прибираме и разни податоци за идентификација на мрежата и серверот).
Ние ги обработуваме информациите за начинот на кој пребарувате, уредот и интеракциите поради следните причини:
Ова се информации за вашите производи или решенија од Canon (како што се испорачаната услуга(и), софтвери и апликации, модел на производот, сериски број и датум на купување), начинот на кој ги поставувате и користите вашите производи или решенија од Canon (на пр., поставките и претпочитаните параметри, инсталацијата и интеграцијата или другите поставки) и нашите Услуги, како и податоци за вашите интеракции со Canon поврзани со кориснички или управувани услуги, лиценци, гаранција и поправки. Понекогаш овие податоци се поврзани со вашето деловно работење, но понекогаш мора да бидат поврзани лично со вас (на пример, . нашите корисници кои се професионални фотографи).
Одредени информации од оваа категорија не се класифицираат како лични податоци, но ние ќе ги примениме сите потребни заштити за да ја заштитиме приватноста на тие информации. Овие податоци ги обработуваме поради следните причини:
За да го поддржиме вашето деловно работење и да ви ги испорачаме договорените Услуги, може да треба да прибереме лични податоци за да ги организираме поправките и да ги испорачаме нарачките и услугите. За да го сториме тоа ќе мора да извршиме соодветни подготовки, за што ќе ни требаат деталите за контакт на лице од вашата компанија. Примери за тоа се:
Кога има потреба да вршиме технички операции на вашата IT-инфраструктура, може да добиеме пристап до личните податоци што ги чува вашата организација. Кога користиме трети страни при испорачувањето на услугите, се трудиме да избираме доверливи партнери што ги споделуваат нашите вредности.
Во зависност од вашата позиција, може да ги користиме вашите податоци за да ве контактираме во врска со достапноста на онлајн услугите (на пример, ажурирања поврзани со периодично одржување) или промените во тие услуги.
За да им ги понудиме нашите производи и услуги на другите лица кои може да се интересираат за нив, понекогаш ги добиваме вашите детали за контакт од нашите партнери во индустријата, како и од професионални организации што нудат ваков вид информации за компаниите. Кога се здобиваме со вашите детали за контакт на овој начин, се грижиме вашите детали за контакт да не бидат дел од услуга за обработка на податоци на национално ниво.
Компанијата Canon и нејзините партнери повремено им праќаат анкети и формулари за повратни информации на нашите корисници. Онаму каде што ќе го наведете вашето име и деталите за контакт, може да ги користиме за да одговориме на повратните информации, да ви доставиме информации што сметаме дека би ве интересирале со оглед на вашите одговори и да ве додадеме во нашата маркетиншка база на податоци (може да го поништите ова во текот на анкетата ако не сте заинтересирани).
Онаму каде што тоа е дозволено, нашите партнери може да одлучат како да ги користат вашите податоци за нивните анкети. Во тие случаи, Canon не го контролира користењето на вашите лични податоци и тоа повеќе не подлежи на ова известување за приватност. Прочитајте ги политиките за приватност на овие партнери за да дознаете повеќе за нивните практики за приватност или за информации за откажување на претплатата.
Водиме евиденција за производите и услугите што ги купувате преку Услугите на Canon. Тоа ни овозможува да ги испорачуваме, одржуваме, заштитуваме и подобруваме производите и услугите, но и да создаваме нови. Исто така испраќаме и важни известувања, како информации за купувањата или промените во нашите правила, услови и политики.
Не ги обработуваме и не ги складираме вашите банкарски податоци или податоците за вашата кредитна/дебитна картичка што сте ги користеле за купување производи и услуги од Canon преку Услугите. Плаќањата се реализираат преку платформи за плаќање од трети страни кои не ги споделуваат вашите банкарски податоци со Canon.
Колачињата и сличните технологии (на пр., веб-ознаки) претставуваат мали податоци што се користат за складирање технички и/или лични податоци, идентификација на корисници на одредена услуга и извршување одредени функции. За да дознаете повеќе за колачињата што ги користат нашите Услуги и како да ги отфрлите, ве молиме отворете ја Политиката за колачиња што важи за секоја Услуга посебно, достапна преку почетната страница на нашите веб-страници или во соодветниот дел на нашите апликации.
Понекогаш ќе треба да ги обработуваме вашите лични податоци за да се придржуваме до важечките закони и регулативи, на пример кога имаме обврска да пријавиме сомнеж за измама.
Може да постојат и други деловни цели за обработка на вашите податоци, вклучувајќи ги преговарањето, склучувањето и спроведувањето на договорите, управување со сметките и евиденциите, поддршка на активностите за општествена одговорност на компаниите, правни, регулаторни и внатрешни истраги.
Canon ќе ги обработува вашите лични податоци само кога има правна основа за тоа.
Правната основа ќе зависи од целите за кои сме ги прибрале и ги користиме вашите лични податоци. Во речиси секој случај, правната основа ќе биде едно од следниве:
Легитимните интереси на Canon ја опфаќаат потребата Canon доволно да ги познава нашите корисници за да може да создаваме и да објавуваме нови производи и Услуги и да им понудиме на корисниците подобро доживување. На пример:
Го ограничуваме пристапот до личните податоци на вработените во нашата групација на компании што „имаат потреба“ да ги знаат таквите податоци. На пример, може да ги пренесеме личните податоци што сме ги прибрале за вас до нашите локални претставништва за продажба или локални сервисни центри за да ви ги понудиме нашите Услуги таму каде што се наоѓате.
Компанијата Canon може да ги споделува вашите лични информации со своите подружници (како што е наведено во Клаузулата 12 од оваа Политика) за нивно сопствено користење поврзано со продавањето или подобрувањето на производите и услугите на Canon. Вашите податоци може да се споделат со подружниците на Canon за да ви се рекламираат производите и услугите на Canon, доколку сте дале дозвола да добивате директни маркетиншки комуникации од Canon. Вашите лични податоци што Canon ги прибира кога ги користите нашите Услуги или ги купувате нашите производи може да се споделат или да се обелоденат со партнерските компании на Canon што не се Canon или неговите подружници, со цел да ви се рекламираат и продаваат производи и услуги на Canon. Ако законите за заштита на податоците во земјата во која живеете го наложуваат тоа, ќе ги споделуваме вашите податоци во маркетиншки цели со нашите партнери само ако вие сте ни дале дозвола за тоа.
Може да ги обелодениме вашите лични податоци со следните трети страни, меѓу другите, за целите опишани овде:
Вашите лични податоци се чуваат на безбедни сервери и не се обработуваат за никакви цели, освен за целите наведени во ова Известување за приватност. Серверите што ги користи Canon за складирање на овие податоци се достапни само за овластен персонал и Canon гарантира за соодветните безбедносни мерки што се имплементирани.
За жал, за ниеден пренос на податоци преку интернет не може да се гарантира дека е 100 % безбеден. Ако имате причини да сметате дека вашата интеракција со нас повеќе не е безбедна (на пример, ако сметате дека безбедноста на сметките што можеби ги имате кај нас е загрозена), веднаш известете нè за проблемот така што ќе нè контактирате на долунаведените детали за контакт.
Ние користиме продавачи и даватели на услуги низ целиот свет. Со оглед на тоа, вашите лични податоци може да се обработуваат во земји надвор од земјата во која живеете, вклучително и ако живеете во Европа, а таквите земји може да нудат помалку законски права во поглед на вашите лични податоци отколку локалните закони. Ако ги пренесеме личните податоци надвор од Европската економска зона во земја што нуди понизок стандард на правна заштита на вашите лични податоци, ќе се погрижиме вашите права на приватност да бидат заштитени со соодветни безбедносни мерки, особено преку користењето на стандардните договорни клаузули на ЕУ. Контактирајте нè ако сакате да дознаете повеќе за овие безбедносни мерки.
Canon и/или другите компании од групацијата Canon може да ги користат вашите лични податоци во маркетиншки цели и да ве информираат за другите производи и услуги за кои Canon смета може да ве интересираат вас и вашето деловно работење. Можете да наведете дали сакате да добивате такви информации со избирање на соодветното поле во нашите формулари или така што ќе ни ги кажете вашите претпочитани поставки кога ќе воспоставиме лична интеракција.
Можете да се откажете од добивање такви информации во секое време од соодветниот центар за поставки или преку откажување на претплатата со помош на линк/механизам наведен во секоја соодветна порака што ја добивате. Ако ја откажете претплатата за рекламирање, имајте предвид дека ние сè уште може повремено да ве контактираме со услужни пораки (на пример, за да потврдите нарачка што сте ја извршиле или да ги потврдите деталите за испорака).
Во одредени јурисдикции имате право да пристапувате, коригирате, ажурирате или ограничувате вашите лични податоци, да побарате копија од вашите лични податоци читлива за компјутери, да ги избришете вашите податоци, како и сите други права што ви се достапни во вашата јурисдикција. Може да побарате да ги искористите овие права на страницата за приватност на Canon Europe, со кликнување на линкот наведен во нашите е-пораки со известувања или со пристапување до соодветниот дел од веб-страниците или апликациите на Canon, а може и да нè контактирате со помош на деталите за контакт наведени на крајот на ова Известување.
Ќе ги избришеме вашите лични податоци штом тие повеќе не се потребни за целите за кои биле прибрани.
Имате право и да приговорите вашите лични податоци да се користат за одредени цели, вклучително и за маркетиншки комуникации. За повеќе информации за откажување од рекламирањето, погледнете во „Маркетиншки комуникации“ погоре.
Ние ќе се придржуваме до сите ваши барања за користење на вашите права согласно важечките закони. Сепак, имајте предвид дека постојат голем број ограничувања на тие права, а може да настанат околности поради кои нема да може да го исполниме вашето барање. За да испратите какви било барања во врска со вашите лични податоци или ако имате прашања во врска со вашите лични податоци, треба да нè контактирате на деталите за контакт наведени подолу. Имате право и да ја пријавите вашата загриженост кај локалните органи за заштита на податоците.
Canon ќе ги чува вашите лични информации колку што е потребно за целите наведени во делот 2 од ова Известување за приватност и согласно со евентуалните периоди на задржување што ги наложуваат важечките закони, како и за време на релевантните законски ограничувања. Во повеќето јурисдикции тој период обично не надминува 6 години. На пример, ако сте купиле нешто од нас, ние ќе ја евидентираме вашата набавка низ периодот што е потребен за фактурирање и регулирање на даноците и гаранцијата. Може да чуваме евиденција и од кореспонденцијата со вас (на пример ако сте се пожалиле за некој наш производ или Услуга) онолку долго колку што е потребно за да се заштитиме од правна постапка. Онаму каде што повеќе нема потреба да ги чуваме вашите лични податоци, ќе ги избришеме. Имајте предвид дека кога ќе ја откажете претплатата на нашите маркетиншки комуникации, ние ќе ги евидентираме информациите за вашата комуникација за да се погрижиме да не се рекламираме кај вас во иднина.
Canon нема да ги избрише вашите лични податоци доколку се однесуваат на активни односи или на производ или услуга што самите сте ја побарале (на пример, неодамнешно купување во Услугите на Canon).
Вие гарантирате за точноста на информациите што ги внесувате во нашите Услуги. Сите лични податоци што ги испраќате во Canon мора да бидат вистинити, прецизни и тековни. Вие преземате целосна одговорност дека вашите податоци се точни, ажурирани и дека се во согласност со ова правило.
Ние повремено го ажурираме нашето Известување за приватност за времено да ве известиме за активностите што ги презема Canon за обработка на податоците. Ние нема да ги обработуваме податоците на начин на кој може да ги загрозиме вашите лични податоци и ќе побараме ваша согласност доколку е потребно за да го заштитиме вашето право на приватност. За сите промени на ова Известување за приватност ќе ве известуваме преку Услугите. Исто така, ќе ги користиме сите методи на комуникација што сте ги навеле за да ве информираме за важните промени на ова Известување за приватност. Ако продолжите да ги користите Услугите откако ќе бидете категорично известени за ажурираното Известување за приватност, тогаш се согласувате да ги почитувате ажурираните правила.
Обратете се до Canon ако имате прашања или коментари за ова Известување за приватност во вашето регионално претставништво на Canon, кое може да го најдете на страницата „Контактирајте нè“ на нашата веб-страница или директно со нашиот европски DPO на DataProtectionOfficer@Canon-Europe.com
Се надеваме дека Canon ќе може да ги реши евентуалните проблеми со кои се соочувате. Сепак, доколку и понатаму не сте задоволни, имате право да ја пријавите вашата загриженост кај локалните органи за заштита на податоците.
Во Известувањето за приватност, „Canon“ ќе значи Canon Inc. и Canon Europa N.V и компаниите во нејзина целосна сопственост, а во ова известување ќе биде ословувана со „ние“, „нас“, „наш/а/е/и“ или „Canon“. Подружници на Canon ќе значи:
Последна измена: 2020-12-10
Верзија: 1.1