СОФТВЕР

Canon Video Enhancement Software v1.0

Подобрете го квалитетот на вашите видеозаписи со Canon Video Enhancement Software што создава појасни и поостри видеозаписи во реално време.

ВИДЕТЕ ГО ТОА ШТО НЕ СЕ ГЛЕДА

Извлечете јасни детали од видеозаписите снимени при слаба осветленост со камерите со висока чувствителност од Canon и софтверот инсталиран на мал компјутер во реално време. Тој го коригира губењето детали предизвикано од шум и ви нуди неверојатни резултати со максимален интензитет на боите. Примената во услови со слаба осветленост опфаќа набљудување на граници и крајбрежно набљудување, како и следење на инфраструктурни објекти.

  • Обработка на видео во реално време

    Обработувајте видео во реално време со минимално доцнење. Нашиот софтвер е инсталиран на компјутер во мала кутија што директно го обработува 3G/HD-SDI-видеосигналот од камерата.

  • Намалување на отсјајот во повеќе чекори

    Користете ја функцијата на софтверот за компензација за отсјај за да ги намалите ефектите на отсјајот во магливи услови и прилагодете го нејзиниот интензитет во чекори. Оваа функција го зголемува контрастот на субјектот за да овозможи полесно препознавање на субјектот.

  • Извлечете максимум од темните или светлите површини

    Зголемете ја острината на сликата во површините со силна светлина или во многу темните површини. Недостатокот на контраст во овие услови може да предизвика губење важни информации, што може да го спречи препознавањето на целта. Софтверот го решава тој проблем преку обновување на премногу светлите бои или осветлување на сенките во најважните површини.

  • Отстранете го шумот, подобрете ги деталите

    Увезувајте директно 3G/HD-SDI-видео без компресија од компатибилни камери со голема чувствителност од Canon1 во софтверот и генерирајте јасни и детални видеозаписи со мал шум. Користејќи технологија со длабоко учење и сензори за слика со висока чувствителност ISO од Canon, тој создава извонредно јасни резултати.

НАМАЛУВАЊЕ ШУМ ВО РЕАЛНО ВРЕМЕ

Споредете кадар од необработен Full HD-видеозапис со Full HD-видеозапис што се обработува во реално време со Canon Video Enhancement Software v1.0.

Video Enhancement Software
Video Enhancement Software

Овие камери се компатибилни со Canon Video Enhancement Software v1.0:

MS-500, ME20F-SH, ME20F-SHN, ML-105EF

Оперативен систем
Linux OS, компјутер со Windows за поставување во пребарувач
  • Резолуција

    1920 x 1080

  • Семплирање на бои, бит-длабочина

    YCbCr 4:2:2, 10 бита

  • Формат на излезен видеосигнал

    59,94P, 59,94i, 50,00P, 50,00i, 29,97P, 25,00P

  • Интерфејс

    3G/HD-SDI

  • Стапка на слики на излезен сигнал (функција за намалување шум)

    Макс. 29,97 fps (кога е поставена површина за подобрување).
    Макс. 14,98 fps (кога не е поставена површина за подобрување).

  • Функција за подобрување на видеозаписите

    Намалување шум, компензација за темните и светлите површини, компензација за отсјај

Контактирајте со Canon

Дали сакате да ве контактира претставник на Canon?
Пополнете го краткиот формулар за да побарате да ве контактира специјалист за производи од Canon.

Слични производи

  1. MS-500, ME20F-SH, ME20F-SHN, ML-105 EF.
  2. Сите податоци се основаат врз стандардните методи за тестирање од Canon, освен ако не е поинаку назначено.
    Подлежи на промена без претходно известување.