Canon EOS C500 Mark II
Blank-Rect Image

Canon EOS C500 Mark II

Сензор за целосна слика што нуди резолуција од 5,9K во компактно куќиште.

Нова генерација на систем Cinema EOS

Со сензор за целосна слика што нуди резолуција од 5,9K во новоразвиено компактно и цврсто куќиште Cinema EOS, оваа камера им дава нова инспирација и извонредна флексибилност на сите кинематографи.

Погледни целосни спецификации

Canon EOS C500 Mark II
Jaguar F-PACE advert - behind the scenes

Реклама Jaguar F-PACE - зад сцената

EOS C500 Mark II од Canon му беше совршен партнер на режисерот Brett Danton за снимање брзи движења на планински терен.

Погледни видеозапис

Снимање на рекламата за новиот Jaguar F-PACE со EOS C500 Mark II од Canon

Режисерот Brett Danton објаснува како новиот EOS C500 Mark II од Canon значително го подобри снимањето на F-PACE за Jaguar.

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ

Filming the New Jaguar F-PACE advert with a Canon EOS C500 Mark II

Прекрасен квалитет на слика со формат за целосна слика

CMOS-сензорот за целосна слика на Canon нуди резолуција од 5,9K и овозможува снимање видеозаписи што изгледаат како филмови во комбинација со природни и рамномерни тонови на кожата и реалистична репродукција на бои со науката за бои на Canon.

Сензорот нуди 15+ чекори за ширина со широк простор на бои кој е совршен за снимања со голем динамички опсег.

Breathtaking Full Frame image quality

Висококвалитетни и ефикасни формати за снимање

EOS C500 Mark II е опремен со новоразвиениот процесор за слика DIGIC DV 7 кој овозможува внатрешно снимање во форматот Cinema RAW Light со резолуција од 5,9K, а поддржува и снимање во форматот XF-AVC на Canon со резолуција од 4K 4:2:2 и 10 бита. Истовремено снимање на истиот формат на датотека е возможно во двата отвора за CFexpress-картички, со дополнителен отвор за SD-картичка за прокси датотеки.

Овој формат за повеќекратно снимање нуди ефикасност и ги задоволува потребите за снимање.

5.9K

5,9K

Внатрешно снимање во форматот Cinema RAW Light до 2,1 Gbps

4K 4:2:2 10-bit

4K 4:2:2 10 бита

Снимајте XF-AVC до 810 Mbps

High quality and efficient recording formats

5,9K-обработка со прекумерно семплирање за снимање во 4K

EOS C500 Mark II користи висококвалитетен алгоритам за реконструкција на слики кога врши 5,9K-обработка со прекумерно семплирање за снимање во 4K/UHD. Ова го отстранува заматувањето и го намалува шумот со што се добива слика со врвен квалитет.

 5.9k oversampling for 4k

Компактно, лесно и цврсто

Куќиштето со мала тежина од прибл. 1.750 g овозможува прикачување на ротирачки механизам за стабилизирање и рачни додатоци, поради што е идеално за различни услови за фотографирање.

Compact lightweight and reliable

Различни опции за приклучоци и објективи

EOS C500 Mark II нуди поддршка за изборни приклучоци за заменливи објективи за потребите на различни проекти.

Приклучокот за EF-објективи овозможува совршена компатибилност со огромен избор на EF-објективи од Canon вклучувајќи ги и EF Cine Primes, додека изборниот PL-приклучок нуди поддршка за системот Cooke /i. Освен тоа, адаптерите за монтирање B4 се исто така достапни (за EF-приклучок или PL-приклучок) за користење со објективи B4.

EF-приклучок

EF-приклучок

EF-приклучок со заклучување при снимањето

EF-приклучок со заклучување при снимањето

PL-приклучок

PL-приклучок

Модуларен дизајн со многубројни опции за конфигурирање

Изборните држачи за продолжување нудат флексибилен модуларен дизајн и опции за конфигурирање што ќе ги задоволат различните потреби за снимање.

Држачот за продолжување 1 нуди поддршка за повеќе камери со интерфејс Genlock, додека држачот за продолжување 2 додава дополнителни интерфејси како, на пример, уште два XLR-влезови кои се идеални за примена во емитувањето и батерија со V-приклучок за продолжено време на снимање. Изборната единица EVF е идеална за рачно користење, но ги исполнува и барањата на корисниците да може лесно да се отстранува при примена на ротирачкиот механизам за стабилизирање.

Highly configurable and modular design

Држачи за продолжување

Револуционерна технологија за автоматски фокус*

EOS C500 Mark II располага со технологијата Dual Pixel CMOS AF на Canon која нуди континуиран AF со голема брзина. Корисниците добиваат рамномерно и интуитивно фокусирање на допир со новиот LCD-екран LM-V2 од 4,3 инчи, како и подобрена контрола на фокусот која создава поприродно фокусирање. За дополнително прилагодување на перформансите на AF, EOS C500 Mark II нуди опција за поставување на брзината на AF со следење и одзивот на AF.

* со компатибилни објективи

Pioneering auto focus technology

Многубројни функции за автоматски фокус

Прва камера Cinema EOS што поддржува електронска стабилизација на сликата

EOS C500 Mark II е првата камера Cinema EOS со вградена електронска стабилизација на сликата (IS) во куќиштето на камерата, која поддржува корекција на тресењето на камерата во 5 оски. Дури и кога се користи со објективи без електронска комуникација, електронската стабилизација на сликата е возможна со рачно внесување на фокусната должина.

First Cinema EOS to support Electronic IS

Високи стапки на слики

EOS C500 Mark II поддржува видеоснимки со висока стапка на слики до најмногу 50/60 fps со резолуција од 5,9K. Во режимот на (отсекување) 2K, може да се прилагодат поставки од 1 fps до најмногу 120 fps со што се зголемуваат креативните можности. Новото копче за бавни и брзи движења ви овозможува брз пристап до поставките за снимање бавни и брзи движења.

High frame rates

Спецификации

5.9K Full Frame CMOS sensor

CMOS-сензор за целосна слика што нуди резолуција од 5,9K

Прекрасен изглед на форматот за целосна слика со реалистична репродукција на боите

Internal 5.9K Cinema RAW Light recording

Внатрешно снимање во форматот Cinema RAW Light со резолуција од 5,9K

Ефикасна RAW-датотека на CFexpress

4K 4:2:2 10-bit

4K 4:2:2 10 бита

Внатрешно снимање до 810 Mbps

Dual CFexpress slots

Два отвора за CFexpress

Истовремено снимање или снимање со пренасочување

High Dynamic Range support

Поддршка за голем динамички опсег

SMPTE ST 2084 и ITU-R BT.2100 (HLG)

Pioneering Autofocus Technology

Револуционерна технологија за автоматски фокус

Прецизно и сигурно, со контроли на екранот на допир

DIGIC DV7 Image Processor

Процесор за слика DIGIC DV7

За да можете да ги користите напредните функции на камерата

12G-SDI terminal

Приклучок 12G-SDI

Пренесувајте 4K-сигнал преку еден кабел

Погледнете ги сите спецификации

EOS C500 Mark II

Canon е овластен сопственик на лиценцата за заштитниот знак CFexpress Ver.2.0™, во сопственост на CompactFlash Association, што може да биде регистриран во различни судски надлежности.

What's in the box

Што содржи кутијата

Куќиште EOS C500 Mark II

LCD-екран LM-V2

LCD-екран LA-V2

Кабел UN-5

Држач за фотоапарат GR-V1

Рачка

Држач за микрофон

Батерија BP-A60

Полнач за батерии CG-A20

Компактен адаптер за напојување CA-CP200B

AC кабел за напојување

Ремен за преку рамо SS-1200

Носач за монтирање на држачот за продолжување

Потпора за палецот

Капаче за куќиштето

Имбуси и завртки

Дополнителна опрема

Слични производи

Може да ве интересира и