XF405/XF400 е мала камера опремена со моќни алатки за снимање. Од напреден сензор од тип 1,0 до најнови два процесори DIGIC DV 6, оваа камера претставува компактно решение со широка примена за снимање во 4K.
Сензорот од тип 1,0 нуди препознатливи предности и овозможува снимање во 4K со неверојатна острина, како и поголема креативност со длабочината на полето. Двата процесори DIGIC DV6 од најнова генерација ги создаваат ваквите резултати брзо и со врвни нивоа на детали.
Големата стапка на слики од 100P во Full HD ви овозможува да снимате прекрасни снимки со забавени движења и неверојатни детали.
Погледнете како опциите за висока стапка на слики кај XF405/XF400 ќе ви понудат нови креативни можности.
Целта на сите сниматели е да доловат повеќе детали на двата краја од скалата за експозиција. Широкиот динамички опсег на Canon помага во реализација на таа цел преку зголемување на динамичкиот опсег за 800 проценти.
Погледнете видеозапис со објаснување за импресивното зголемување од 800 проценти на широкиот динамички опсег од Canon и дознајте за придобивките кај снимените материјали.