Услуга за видеозаписи и IoT преку Cloud за претпријатија. Комбинација од IoT и видеоподатоци за одново дефинирање на индустријата за видеонадзор со употреба на најновите иновации во технологиите за Cloud и вештачка интелигенција.
Предводник на пазарот за мрежно снимање на видеозаписи. Постојан иноватор во областа на видеонадзорот, подобрувајќи ја безбедноста на милиони луѓе низ целиот свет и задоволувајќи ја растечката потреба за попаметен и побезбеден свет.
Предводник во индустријата за Video Synopsis® решенија за брзо прегледување и пребарување на видеозаписи, предупредување во реално време и квантитативни видеоинформации.
Претходно Toshiba Medical Systems, Canon Medical Systems развива и произведува системи за дијагностичко снимање, вклучувајќи CT, MRI, ултразвук, рендгенски системи и системи за клиничка лабораторија.
Компанија на Canon со седиште во Германија, Cognitas нуди прилагодени решенија за целиот процес на документирање и развива прирачници со инструкции, книги со инструкции, системи за помош на интернет, описи и каталози за софтверот.
Дел од Canon Netherlands, DocsPro специјализира во снимањето документи, управувањето со документи и интелигентната обработка на документи.
Светски предводник во технологиите за оптичко препознавање на знаци (OCR) и скенирање кон мобилни уреди, I.R.I.S. развива софтвер и производи кои им помагаат на луѓето да ја зголемат продуктивноста додека скенираат и конвертираат документи.
Оваа компанија е светски лидер во развојот на софтвер за управување со IP видеозаписи (VMS) со отворена платформа и е посветена на обезбедувањето висококвалитетна деловна софтверска платформа за видеозаписи, за да партнерите за хардвер и софтвер ја интегрираат во нивните видео решенија за безбедност и за други цели.
Дел од Canon Netherlands, Nokavision Software B.V. е водечка компанија што нуди решенија за дигитална трансформација и за управување со комуникациите со потрошувачите.
Компанија со најсовремена технологија што специјализира во создавањето, развојот и поддршката на софтверот UniFlow за управување со печатењето и скенирањето.
Оваа компанија нуди софтвер за управување со информации за компании од сите големини во секоја индустрија и оддел.