Canon imageFORMULA DR-C225II

Елегантниот и тенкиот DR-C225II е создаден за мали површини. Благодарение на софтверот CaptureOnTouch за уште поедноставно користење, ова е најдоброто решение за скенирање

Детални карактеристики

  • Компактни димензии за тесни простори

    Заштедете уште повеќе простор со овој извонредно тенок скенер. Иновативниот дизајн со патека во форма на J зафаќа мал простор на работната маса, а документите се скенираат „завртени нагоре“ за да се овозможи попрактично користење.

  • Извонредно тенок, извонредно брз

    Скенирајте безжично и двострано со голема брзина до 50 слики/мин. со 300 dpi и брзини до 25 стр./мин. за документи во боја. Ултразвучното откривање на двојно повлекување документи овозможува сигурна работа со документи за брзо скенирање.

  • Практично ракување

    Софтверот CaptureOnTouch го олеснува скенирањето. Ракувањето со еден допир ги извршува сложените задачи за неколку секунди, а целосниот автоматски режим интуитивно ги избира најдобрите поставки.

  • Иновација за интуитивна употреба

    Корисничкиот интерфејс со икони ќе ве води чекор по чекор за полесно да ги извршувате процесите за скенирање, а може да создавате и PDF-документи со можност за пребарување кои овозможуваат едноставно организирање на документите.

  • Врвен софтвер

    Извршувајте задачи со разновиден избор на вградени софтвери. Зголемете ја продуктивноста со CaptureOnTouch и Cardiris.

  • Поодржливо пакување

    Производот е пакуван имајќи ја предвид животната средина. Пакувањето е ревидирано и повеќе не содржи пластика. Поради тоа, водичот за поставување повеќе не доаѓа со пластична кеса, а на кутијата нема пластични рачки, што овозможува подобро рециклирање на производите. Исто така, се користи хартија што може да се рециклира за да се заштити валјакот, а производот се испорачува без диск за поставување.

Спецификации

  • Брзина на скенирање од 25 стр./мин. / 50 слики/мин.

  • ADF со капацитет за 45 листови

  • Ослободете простор со извонредно тенок и компактен дизајн

  • Можност за избор на J-патека или директна патека за снабдување

  • Напредна обработка на слика

  • Софтвер CaptureOnTouch и Cardiris

  • Софтвер DR Management

Преземете содржина

Од заштедување време, па сѐ до подобрување на одржливоста, откријте ги сите придобивки што ги нуди imageFORMULA DR-C225II.

Лист со податоци

Погледнете ги сите придобивки што ги нуди безбедниот, компактниот и сигурниот скенер imageFORMULA DR-C225II.

Слични производи

  • imageFORMULA R30

    Практични скенери за документи дизајнирани за практичност, без потреба од инсталирање софтвер. Подготвен за употреба веднаш по отпакувањето и е идеален за мали канцеларии/домашни канцеларии и споделена деловна употреба.
  • imageFORMULA DR-S250N

    Флексибилен мрежен скенер наменет за А4-формати што е лесен за користење и е дизајниран за да го поддржи хибридното работење.