Canon imageFORMULA P-208II

imageFORMULA P-208II

Компактниот стилски пренослив скенер P-208II е совршен избор за менаџерите кои се во движење и домашните корисници. ADF механизмот за 10 листови и двостраното скенирање со голема брзина овозможуваат постојано високо ниво на продуктивност.

Canon imageFORMULA P-208II

Придобивки

  • Извонредно компактен, лесен и разновиден
  • Продуктивно двострано скенирање со брзина од 16 слики/мин. и ADF за 10 листови
  • Поддржува скенирање на фотографии и картички со релјеф
  • Практично и интуитивно поврзување и скенирање
  • Компатибилност со Mac и Windows

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon imageFORMULA P-208II

Преносливо скенирање со голема продуктивност


Малиот P-208II нуди двострано скенирање со импресивна брзина до 16 слики/мин. Вградениот ADF механизам за 10 листови овозможува сериско скенирање за дополнителна продуктивност: совршено за скенирање на договори и слични документи. Патувајте лесно со P-208II кој зафаќа малку повеќе простор од обичен ленир и тежи само 600g. Напојувајќи се со енергија преку USB, тој овозможува продуктивно работење насекаде низ домот или додека патувате.

Практично поврзување и скенирање во движење


Стилскиот, компактен и извонредно лесен P-208II нуди вистинска практичност со функцијата поврзи-и-скенирај. Благодарение на вградениот софтвер CaptureOnTouch Lite, како и елиминираната потреба за преземање на дополнителен софтвер или драјвери, можете едноставно да го поврзете, да скенирате и да продолжите со извршување други задачи. Функциите за скенирање и подобрениот интерфејс базиран на икони ќе ви овозможат да уживате во уште поинтуитивно доживување при скенирањето. Зголемениот избор на дополнителни компоненти за SugarSync, OneDrive и Dropbox, како и Google Drive™ и SharePoint, овозможуваат едноставно работење со вашите омилени софтверски алатки.

Скенирајте различни видови на документи


P-208II може да скенира различни видови на медиуми, почнувајќи од A4 па сè до документи со нестандардна големина како картички со релјеф, поради што е совршен за корисници во движење. Организирајте го домот и ослободете простор со скенирање на сметките од домаќинството или, пак, зачувајте ги спомените дигитално со висококвалитетно скенирање на вашите стари фотографии, користејќи ја специјалната функција која ги репродуцира сликите колку што е можно поверно на оригиналот.

Практична обработка на слика


Палетата на функции за обработка на слики кај P-208II содржи автоматско откривање на боја, препознавање ориентација на текст и подобрување на текст – со цел да обезбеди висококвалитетни слики и да зачува драгоцено време. За практично и интуитивно скенирање, користете го целосно автоматскиот режим кој автоматски ги применува најдобрите параметри за вашиот документ. Само поставете ги вашите документи и започнете да скенирате!

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon imageFORMULA P-208II, неговите функции и можности.

8-ppm

Брзина на скенирање за A4 (еднострано)

10-sheet-ADF

Автоматски механизам за снабдување со документи

Daily Scanning Volume

од 50 до 250 скенирања/ден

USB connection

USB поврзување

Double-sided scanning

Двострано скенирање

Windows & Mac compatible

Компатибилност со Windows и Mac

Tilting control panel

Лесно и интуитивно скенирање

10-sheet-ADF

поврзи и репродуцирај

  • Скенер

  • Диск за поставување

  • Водич за поставување

  • USB кабел

Учи и истражувај

Испорачан софтвер

Дознајте повеќе за софтверот кој се испорачува со овој скенер.

Апликации од Canon

capture-on-touch.jpg

CaptureOnTouch

Со практичниот интерфејс на софтверот CaptureOnTouch од Canon може лесно да скенирате хартиени документи во дигитални архиви и истите да ги зачувувате или испраќате кон повеќе дестинации, вклучувајќи и Cloud-услуги. Создавајте PDF-датотеки со можност за пребарување користејќи ја вградената технологија OCR.

Компатибилност: Windows, Mac

CaptureOnTouch Lite

Софтверот CaptureOnTouch Lite е вграден во скенерот заради максимална преносливост и практичност. Тој овозможува брзо и едноставно поврзување без потреба од инсталирање драјвери или апликативен софтвер. Само поместете го прекинувачот за автоматско активирање во положбата ВКЛУЧЕНО, поврзете го со компјутер со Windows или MAC и ќе можете да скенирате.

Компатибилност: Windows, Mac

capture-on-touch-lite.png

Комплет за програмери на софтвер

Програмата за програмери од Canon е наменета да ви обезбеди пристап до многубројни технички информации што ќе ви помогнат при создавањето апликации за нашата палета на деловни производи. За повеќе информации за нашите SDK, ве молиме посетете ја веб-страницата на Програмата за програмери од Canon.

Апликации од други програмери на софтвер

Cardiris-logo.png


Cardiris овозможува скенирање визит картички и конвертирање и организирање важни информации во база на податоци со можност за пребарување (компатибилна со Windows).