Scan2x™ е интелигентно решение за снимање документи што овозможува полесно скенирање за сите.
Фокусирајте се на деловното работење додека Scan2x™ ги снима вашите документи. Напредната технологија автоматски ги применува соодветните поставки, ги препознава важните податоци и ги пренесува на соодветно место. Едноставно.
Интерфејсот со икони овозможува едноставно ракување, а автоматизираните процеси веднаш ги препознаваат документите, ги избираат соодветните поставки и ги извлекуваат потребните информации.
Модерната технологија веднаш ги препознава скенираните документи - на пример, автоматски ги препраќа скенираните фактури до вашиот оддел за сметководство.
Ставете ги безбедноста, усогласеноста и одговорноста на прво место со PIN-броеви за корисниците, изборни картички или читач на отпечатоци од прсти за одговорна и безбедна евиденција на документите.
Овозможете усогласеност со сè поголемиот број регулативи, вклучувајќи и бришење доверливи лични податоци за да ја подобрите усогласеноста со GDPR.
Изберете ја конфигурацијата што најмногу ќе одговара за вашата компанија - со инсталација на самата локација или со претплата за целосно управување преку интернет.
Интеграција со Therefore™, Sharepoint™, OneDrive™, Google Drive™, FTP, Cloud-услуги, веб-услуги и бази на податоци за ненадмината продуктивност.
Едноставен избор на видот на документот што треба да се скенира
Документите се скенираат автоматски
Податоците од документите се извлекуваат автоматски
Визуелни алатки за справување со исклучоци
Соодветни датотеки се создаваат и компресираат доколку е потребно
Документите се префрлуваат ефикасно во соодветниот оддел / систем
Уживајте во сите придобивки без потреба од одржување на системот во вашата инфраструктура за ИТ користејќи решение основано врз Cloud.
Управувајте со сите потреби во вашата компанија со нашето докажано и сигурно решение за скенирање што ќе ги поедностави вашите процеси со документи.
Откријте различни производи и решенија од Canon кои исто така може да ги задоволат вашите потреби.
Скенирајте и складирајте документи на брз, ефикасен и сигурен начин
Подобрете го начинот на кој управувате и споделувате деловни документи.
Автоматско класифицирање и извлекување податоци од вашите деловни документи.