100% компат. за проширување
Создаден за компании во сите големини
Ефикасен софтвер за работни процеси со документи што нуди моќни функции - подобрете го начинот на кој управувате и споделувате деловни документи.
Therefore ви нуди брз и ефикасен проток на информации со сигурен пристап, складирање, уредување и обработка.
Снимајте отпечатени и дигитални документи на брз и едноставен начин. Therefore ја зголемува продуктивноста преку елиминирање на административните процеси што одземаат многу време.
Исполнете ги условите за работа, а притоа заштитете ги податоците. Напредните контроли за пристап, правата за пристап и мерките за спречување неовластено ракување ги заштитуваат вашите информации.
Therefore нуди пристап до секој уред преку интернет во реално време. Сега вашите соработници може да ги добијат потребните информации во секое време и од секое место.
Therefore е флексибилно решение со опции за проширување дизајнирано да им одговара на сите компании независно од нивната големина. Од имплементација на самата локација до потполно управуван Therefore Online врз основа на Cloud, изберете пакет што најмногу ви одговара.
Функциите за синхронизирана копија и архива на податоци на Therefore ќе ѝ помогнат на вашата организација да продолжи со работа по појава на пожар, поплава или други природни катастрофи.
Безбедната соработка во реално време со паметна контрола на промените им овозможува на вашите вработени да работат заедно и сигурно на најновите документи.
Пронајдете ги точките на застој на едноставен начин со динамички ад-хок и автоматизирано правење извештаи, како и пристап до KPI за работните процеси со документи и архиви.
Вашите информации треба да се движат со вас, а со Therefore Online ќе можете брзо и лесно да пристапувате до информациите преку Cloud, без разлика каде се наоѓате. Правењето резервни копии од податоците е безбедно и податоците се заштитени од надворешни закани.
Информациите може да бидат стратешки фактор - бидете чекор понапред од останатите во конкурентниот пазар преку интуитивно управување со информациите.
Од редизајнираниот кориснички веб-интерфејс, што сега нуди приспособлива корисничка контролна табла, до поедноставни и пофлексибилни контроли за пристап и зголемена поддршка за електронски потписи. Therefore™ нуди уште поголема вредност.
Создаден за компании во сите големини
Зголемете ги ефикасноста и продуктивноста
Преземајте датотеки независно каде се наоѓате
Правењето резервни копии од податоците е безбедно и податоците се заштитени
Водете евиденција за датотеките со паметна контрола на промените
Идеални за одделите за човечки ресурси, логистика, финансии и договори
Може да користите производи од трети страни како ERP, Outlook, SAP и многу повеќе
Изданија за секакви потреби
Подобрете ја продуктивноста и намалете ги трошоците преку автоматизирање на рачните процеси во одделот за човечки ресурси.
Зголемете ја ефикасноста и транспарентноста за исплата на фактури за да добиете поголема контрола на трошоците.
Понудете подобра услуга за корисниците преку побрза обработка на поштата со помали трошоци.
Претворајте документи во реални податоци што ќе се користат во ERP, CRM и други апликации.
За брзи и непрекинати работни процеси и постапки за управување со содржини.
Контролирајте ги трошоците со софтвер за безбедно управување со печатењето и скенирањето.