EOS 5D Mark III е DSLR фотоапарат за целосни слики со 22,3 MP, автоматски фокус со 61 точка и континуирано фотографирање со 6fps. Снимајте висококвалитетни Full HD видео снимки со рачна контрола на сите подесувања, почнувајќи од стапка на слики па сè до звук.
Погледнете подетални информации за Canon EOS 5D Mark III
Снимајте висококвалитетни слики кои се полни со детали со помош на CMOS сензорот со 22,3 мегапиксели и процесорот за слика DIGIC 5+. Боите се светли, но природни, а фините детали се доловуваат дури и во површини со темни сенки и осветлени делови.
EOS 5D Mark III обезбедува врвен квалитет на слика, независно од условите на осветлување. Продолжете да фотографирате рачно дури и по заоѓање на сонцето, благодарение на опсегот на чувствителност со ISO вредности од 100–25.600 (може да се прошири до ISO 102.400).
Фокусирајте брзо и прецизно, дури и објекти кои не се наоѓаат во централниот дел, со помош на системот за автоматски фокус за широка површина со 61 точка. 41 точка од вкрстен тип (од нив, пет се извонредно чувствителни и од двоен вкрстен тип) кои овозможуваат следење на подвижни предмети со висока прецизност.
Следете ги случувањата со 6fps и континуирано снимање до 16.270 JPEG слики на картичка во една серија со режимот UDMA 7.
Зачувајте ги деталите во површините со осветлени делови и сенки со функцијата за создавање на HDR слики во самиот фотоапарат.
Уживајте во висококвалитетно Full HD видео со резолуција од 1080p. Некомпресираниот HDMI излез овозможува снимање видео материјал со резолуција од 1920x1080 и 8-битен 4.2.2 формат на надворешни снимачи за да одговара на различни работни процеси. Користете ги рачните контроли и сеопфатната палета на EF објективи од Canon за да постигнете визуелни ефекти како во кино.
Додадете звук на вашиот видео материјал каков што заслужува. EOS 5D Mark III овозможува снимање на дигитален стерео звук со 48KHz и нуди рачна контрола на нивото на звукот. Стандардниот приклучок за микрофон од 3,5mm овозможува користење на микрофони од трети производители, додека приклучокот за слушалки овозможува следење на звукот при снимањето.
Започнете со дигиталното уредување пред да се вратите дома. Оценете ги вашите слики на скала од еден до пет и истовремено споредувајте две слики на екранот. Користете ја функцијата за обработка на Raw во самиот фотоапарат за да ги откриете креативните можности – како што е конверзијата во црно-бело и ретроспектива на балансот на белата боја.
Магнезиумското куќиште нуди цврстина и издржливост без зголемување на тежината. Заштитата од временски услови нуди заштита од прав и влага.
Дознајте повеќе за Canon EOS 5D Mark III, неговите функции и можности.
CMOS сензор со 22,3 мегапиксели
Голем сензор за максимална контрола врз длабочината на поле
Остри слики во секакви услови
Фотографирање со голема брзина
Одлични снимки при слаба осветленост
Неверојатни видео снимки од 1080p
Моќна обработка со DIGIC
Голем осветлен екран за јасно прегледување
Направете резервна копија од сликите за неколку секунди
Динамички режим со голем опсег
Обезбедува правилна експозиција на сликите во секакви услови на осветлување
Најголем избор на објективи