DSLR-фотоапарати

Canon EOS 760D

Издигнете го вашето фотографирање на повисоко ниво со сензор од 24,2 MP, прилагодлив AF систем и разновидни контроли.

Придобивки

  • Откријте го следното ниво на фотографирање со овој моќен DSLR

  • Снимајте прекрасни видеоснимки како во кино на ист начин како што снимате фотографии

  • Контролирајте го секој аспект на фотоапаратот додека фотографирате

  • Поврзете се и споделувајте ги вашите фотографии и видеоснимки на едноставен начин преку Wi-Fi и NFC

  • Изразете ја вашата креативност максимално со напредните контроли и режими за фотографирање

Детални карактеристики

  • Откријте го следното ниво на фотографирање со овој моќен DSLR

    Системот за автоматско фокусирање со 19 прилагодливи точки кај EOS 760D го заклучува вашиот објект за да овозможи извонредни резултати при фотографирање спортски моменти, портрети или пејзажи. Сензорот од 24,2 MP доловува неверојатни детали, така што ќе можете да ги отсекувате и зголемувате сликите за печатење, а брзиот процесор DIGIC 6 ќе се погрижи да не пропуштите ниту еден одлучувачки момент. Екранот на допир со променлив агол и панелот за приказ на горната страна ви ја нудат контролата која е потребна за да ги надминете границите на вашата креативност.

  • Снимајте прекрасни видеоснимки како во кино на ист начин како што снимате фотографии

    Снимајте неверојатни Full HD видеоснимки со длабочина на поле како во кино со помош на технологијата за автоматско фокусирање со хибриден CMOS AF III на EOS 760D. Таа овозможува рамномерно фокусирање и следење на објекти, така што вашиот објект ќе изгледа остар и фокусиран, а заднината ќе биде прекрасно заматена. Поддршката за MP4 овозможува лесно вчитување и префрлување.

  • Контролирајте го секој аспект на фотоапаратот додека фотографирате

    Професионалните и разновидни контроли ви овозможуваат да го контролирате фотоапаратот додека фотографирате. Интелигентниот визир ви овозможува да ги погледнете информациите за фокусот и експозицијата, а LCD екранот од горната страна ви овозможува брзо да ги проверите поставките и брзо да ги прилагодите со задното контролно вртливо копче. LCD екранот на допир со променлив агол ви помага при обликувањето на кадарот на вашите снимки и при фотографирањето од различни агли.

  • Поврзете се и споделувајте ги вашите фотографии и видеоснимки преку Wi-Fi и NFC

    Споделувајте ги вашите слики веднаш со можноста на EOS 760D за поврзување преку Wi-Fi и NFC. Едноставно поврзување, прегледување и оценување на вашите најнови снимки со допирање на фотоапаратот до паметен телефон или таблет уред. Опцијата за далечинско фотографирање ви помага да снимите слики од нови агли или да фотографирате од далечина преку мобилен уред. Потоа, резултатите можете лесно да ги испечатите преку вашиот безжичен печатач PictBridge или, пак, едноставно допрете го уредот до Canon Connect Station за да префрлите сè што сте снимиле.

  • Изразете ја вашата креативност максимално со напредните контроли и режими за фотографирање

    Сеопфатниот избор на режими за фотографирање ќе ви ги зголеми можностите за фотографирање или снимање во секакви услови на осветлување. Креативните филтри можат да се прегледуваат за време на фотографирањето ако го користите режимот за прегледување во живо, а минијатурниот ефект и режимот за видео создаваат забрзани ефекти кои наликуваат на ефектите добиени при фотографирање со закосување и поместување на објективот. Приказот со повеќе соодноси на слика ќе ви овозможат да ги визуелизирате резултатите пред да започнете да фотографирате, за да можете да ги добиете саканите снимки.

Спецификации

  • CMOS со 24,2 мегапиксели

  • Моментно поврзување со компатибилни уреди со NFC

  • Споделете ги вашите слики и контролирајте го вашиот фотоапарат преку WiFi

  • Изборни AF точки за креативно обликување и следење на објектот

  • Континуиран AF при снимање видео снимки

  • Фотографирање со голема брзина

  • Пренослив екран за креативно обликување

  • Моќна обработка со DIGIC

  • Неверојатни видео снимки од 1080p

  • Голем осветлен екран за јасно прегледување

  • Одлични снимки при слаба осветленост