Револуционерната професионална кино камера EOS C300 ги соединува докажаната видео технологија и наследството од објективите на Canon со креативноста на серијата EOS. Заменливите EF објективи нудат ненадмината слобода за раскажување на секоја приказна.
Погледнете подетални информации за Canon EOS C300
CMOS сензорот со 8,3MP и извонредни 35mm, специјално дизајниран и
произведен за снимање на видео записи во Canon, обезбедува 3-кан.
RGB обработка при Full HD снимање. Технологијата за сензори на
Canon обезбедува врвни слики со висока резолуција и чувствителност,
мал шум, помалку артефакти при вртење на блендата и мала
потрошувачка на енергија, во комбинација со стандардните придобивки
од големите сензори како што е малата длабочина на поле.
EF објективот со можност за менување кај EOS C300 го пренесува
оптичкото наследство од системите со заменливи EF објективи на
Canon во наменска алатка за создавање на видео записи -
проширувајќи ги креативните можности со помош на огромна палета на
достапни и уникатни објективи. 3 вградени електронски ND филтри кои
ја зголемуваат разновидноста при снимањето.
Извонредно компактната EOS C300 се одликува со основен систем за
снимање кој тежи само 1669g (без објектив). Отстранливиот држач,
рачката и компонентите од контролниот панел под различен агол
овозможуваат максимално маневрирање, а робустното куќиште кое е
отпорно на прскање содржи компоненти од магнезиумска легура кои
нудат дополнителна издржливост и цврстина.
Снимајте MPEG-2 MXF фајлови со брзина од 50Mbps (4:2:2) на две CF
мемориски картички кои веднаш може да ги емитувате - достапни се
опции за пренасочено и симултано снимање. Стандардните излези
вклучуваат HD-SDI, заедно со функциите временски код, Genlock и
терминали за синхронизација кои овозможуваат снимање со повеќе
камери.
EOS C300 се одликува со зголемена чувствителност: може да снимате
слики со мал шум со ISO вредност до 80000, која овозможува
користење во речиси секакви услови за снимање.
Во обемното прилагодување на слики спаѓа и вградената Canon Log
гама, која обезбедува неутрален квалитет на слика со широк
динамички опсег (800%) за максимална слобода при обработката по
снимањето. Подесувајте повеќе од 90 променливи параметри за сликите
и складирајте ги како прилагодени профили за слики во камерата или
SD картичката.
Режимите PAL, NTSC и 24,00p се стандардно достапни и нудат стапки
на слики од 23,98p до 59,94i. Прилагодете го бавното и брзото
движење во чекори од 1fps за поголема креативна флексибилност.
Безжично контролирање на подесувањата на камерата како ISO, фокус,
решетка и ND филтери преку лаптоп, графичка табла или Smartphone
уред, користејќи едноставен кориснички интерфејс основан според
пребарувач. (потребен е изборен безжичен адаптер.)
Интегрирајќи се беспрекорно со постоечките работни процеси, видео
снимките снимени со EOS C300 се компатибилни со најупотребуваните
професионални NLE софтверски пакети.
Вашиот EOS C300 може да се ажурира за да го вклучи уникатниот Dual
Pixel CMOS AF на Canon, кој нуди неверојатно лесно користење и
креативна контрола врз фокусирањето. Континуираното следење на
објектите во центарот на сликата е едноставно, со што тие се
одржуваат во остар фокус. Функцијата за заклучувањето на AF нуди
дополнителна контрола. Фокусирањето со една снимка со зголемена
прецизност и брзина го прави фокусирањето на објектите кои не се во
центарот подеднакво лесно.
*Потребно е ажурирање на услугата со плаќање во сервисен центар
на Canon.
Дознајте повеќе за Canon EOS C300, неговите функции и можности.
Инспирација, образование, информации за производи и новости за целосно покривање на професионалните фотографи и видеографи кои користат производи од Canon, како и напредни ентузијасти од целиот свет.