Наградуваниот фотограф за диви животни Markus Varesvuo кој живее во Хелсинки, Финска, никогаш не е далеку од дивината која му ја исполнува душата.
Markus го обожава дивиот свет уште од неговите тинејџерски години и е страстен набљудувач на птици и фотограф. Во 2005 година, тој одлучува да ги претвори неговите хобија во кариера, напуштајќи ја работата во управувањето со бизнис за да стане професионален фотограф за животни.
Markus користи фотоапарат од Canon уште од почетокот на неговите авантури со фотографирањето, започнувајќи со фотоапаратите со филм. Денес, како успешен фотограф и автор на неколку книги за фотографирање птици, тој најчесто го користи професионалниот и брз фотоапарат EOS-1D X Mark II од Canon и извонредните телефото објективи.
Markus беше првиот фотограф во Европа кој го тестираше напредниот DSLR-фотоапарат EOS 90D од Canon. Овде, тој објаснува како овој фотоапарат му овозможил да ги сними фотографиите што ги обожува и открива како амбициозните фотографи за диви животни и ентузијасти за природа можат максимално да ги искористат неговите функции.
Со APS-C CMOS-сензор од 32,5 мегапиксели и моќен процесор во компактно куќиште на DSLR, EOS 90D од Canon е фотоапарат со брз одзив кој му овозможи на Markus да снима извонредни детали. APS-C-сензорот ве доближува поблиску со зголемување на ефективниот телефото опсег, додека автоматското фокусирање (AF) има систем со 45 точки од вкрстен тип кој е флексибилен и брз. Заедничката површина за фокусирање се дели на зони или на индивидуални точки кои можете да ги изберете директно со палката.
Брзото и континуирано фотографирање со брзина до 10 слики во секунда (fps) и фокусирање со интелигентно следење и препознавање (iTR) го прават EOS 90D од Canon идеален за фотографи за диви животни како Markus, за кого брзината е од суштинско значење.
Без разлика дали станува збор за ластовичка во лет, мечка која лови или птица која прелетува, Markus мора да ја зграпчи можноста за извонредна фотографија, веднаш откако ќе ја забележи. „EOS 90D од Canon е брз фотоапарат“, вели тој. „Фотографирам претежно со професионалниот фотоапарат EOS-1D X Mark II од Canon и брзината на фокусирање е споредлива“.