ФОТОГРАФИРАЊЕ ДИВИ ЖИВОТНИ

Совети за млади фотографи на диви животни: еднодневна фотосесија со професионалната фотографка Dani Connor

Фотографката на диви животни и ѕвездата на YouTube, Dani Connor, дава совети како да се успее во индустријата, додека се здружува со студентот по фотографија Jonty Clark за да сними неверојатни слики од птици грабливки.
Млада ветрушка качена на дрвена прачка со раширени крилја, жестоко креска.

Младата британска фотографка Dani Connor професионално се издигна за време на пандемијата на Ковид-19, откако заглави во шведска Лапонија. Dani волонтираше во резерватот за диви животни во провинцијата кога поголемиот дел од светот влезе во карантин и го искористи времето во своја полза градејќи блиска врска со тамошните диви животни – конкретно мала група црвени верверички.

„Ми се виде како одлична можност да ја започнам кариерата“, вели таа. Си реков дека ќе си дадам шест месеци и ако не постигнам ништо, ќе се вратам на работата во Природонаучниот музеј во Лондон“. По само половина година посветен напор, Dani се здоби со 60.000 следбеници на Instagram, YouTube и Twitter, а финансиски ја поддржуваа претплатниците на Patreon кои се навлекоа на нејзината работа.

Ја замоливме Dani да сподели некои од своите врвни совети со студентот по фотографија Jonty Clark, кој сакаше да дознае повеќе за фотографирање животни во дивината. Jonty го снабдивме со EOS R7 од Canon, којшто Dani го користеше на фотосесијата на диви животни во Шпанија, па ги сместивме во скривалиште за фотографирање од каде што сигурно ќе забележат птици грабливки што брзо летаат.

Ова е советот што Dani го откри дента, како и избор од најдобрите фотографии што ги направија со Jonty.

Совет број 1: Нурнете се во околината на вашиот субјект

Во скривалиште за птици, двајца млади на екранот на допир на фотоапаратот проучуваат слика од ветрушка што седи на дрвена прачка.

Фотографирањето од скривалиште за птици значи дека Dani и Jonty можеа да седат еден до друг, фокусирани на истата активност. Dani, која фотографираше со својот EOS R5 од Canon, даваше повратни информации за снимките на Jonty во реално време, што значеше дека тој може да го прилагоди својот пристап пред следната ветрушка да влета во кадарот.

Две ветрушки, едната седи на дрвена прачка, другата лебди во воздухот со кренати канџи, се караат за храна.

Од скривалиштето Dani и Jonty успеаја да доловат како семејството ветрушки се расправаат меѓу себе. Овде, младенче бара храна од мајка си. Снимено со EOS R7 од Canon и објектив RF-S 18-150mm F3.5-6.3 IS STM од Canon со избрани 150 mm, 1/6400 сек., f/6,3 и ISO2500. © Jonty Clark

Снимањето од скривалиште значи дека можете да ја контролирате околината. На одредени места пред скривалиштето е оставена храна за да ги намами птиците во опсег поволен за фотографирање. Речиси е загарантирано дека ќе има некаква активност, па затоа ваквата локација е логичен избор за еднодневно фотографирање.

Dani помина долго време во скривалишта на почетокот на својата кариера додека живееше во Шведска и денес сè уште ги гледа придобивките од нивното користење. „Фотографирањето од скривалишта значи дека треба да настојувате да бидете креативни и да изнајдете начин вашите фотографии да се издвојуваат од сликите што останатите ги направиле на истото место. Тоа е одличен начин да ја вежбате вашата техника и совршен за снимање рамо до рамо“, вели таа.

Досегашното искуство на Jonty главно беше во студија, каде фотографираше егзотични миленичиња како дел од неговите универзитетски предмети. Присеќавајќи се на тој ден, вели: „Од Dani многу научив за однесувањето на ветрушките, но и од тоа што поминав неколку часа набљудувајќи ги птиците од скривалиштето. До крајот на фотосесијата, можев да предвидам кога ќе слетаат од блиските дрвја, што ми остави повеќе време да се подготвам. Сите студиски снимки се доста обработени, но неверојатно беше да се види однесување во дивина. Подмладокот што се кара со постарите ветрушки пред нас ни даде неверојатни можности да доловиме возбудливи снимки“.

Совет број 2: Инвестирајте во фотоапарат што може да направи сѐ

Во шумски амбиент, маж фотографира нешто над себе со фотоапарат и објектив од Canon, додека жена гледа, исто така гледајќи нагоре.

EOS R7 од Canon во комбинација со објектив RF-S 18-150mm F3.5-6.3 IS STM од Canon е совршен сенаменски фотоапарат, со доволно опсег да се приближите до случувањата. Повеќенаменскиот и компактен RF 100-400mm F5.6-8 IS USM од Canon е уште една одлична опција доколку сакате да се приближите и да го усовршите вашето фотографирање диви животни.

Фотоапарат и објектив од Canon сликани одоздола, со двајца насмеани млади луѓе малку заматени во заднината кои гледаат во екранот на допир.

Со неколку насоки од Dani, на Jonty, кој обично фотографира со EOS 90D од Canon, успеа да му појде од рака со EOS R7. „За многу кратко време се привикнав на него“, вели тој.

Dani е фотографка пред сѐ, но го привлекува вниманието на потенцијалните клиенти преку видеата што ги прикачува на YouTube. Кога започнувате во индустријата, добро е да ги научите и основните вештини за видео, дури и ако е за самопромоција на социјалните мрежи. За да го направите ова, ќе треба да го изберете вистинскиот комплет.

EOS R7 од Canon е извонреден повеќенаменски фотоапарат за оние кои започнуваат да работат како создавачи на содржина“, предлага Dani. „Се издвојува поради вградената стабилизација на слика (IBIS), што е корисна не само кога фотографирате субјекти што се движат брзо, туку и кога шетате наоколу и се снимате на видеоблогови во дивината“.

Jonty одлучи да го користи EOS R7 од Canon со објектив RF-S 18-150mm F3.5-6.3 IS STM од Canon, којшто има вградена оптичка стабилизација на слика што ја надополнува вградената стабилизација на слика во фотоапаратот. „Стабилизацијата на сликата беше значително подобра од онаа на мојот EOS 90D од Canon“, вели Jonty, „и фотоапаратот е впечатливо подобрување на сите нивоа“. Побрз режим на континуирано фотографирање, поголем опсег на ISO, автоматско нивелирање – фотоапаратот беше фантастичен за снимање и дефинитивно ќе ми даде сѐ што ми е потребно за да го отпочнам патешествието и да го преточам во кариера“.

Прочитајте го нашиот водич за фотографирање диви животни за да дознаете повеќе за палетата објективи за доловување прекрасни слики од диви животни и птици.

Совет број 3: Фокусирајте се на очите на вашиот субјект

Ветрушка седи на дрвена прачка свртена со грб кон фотоапаратот. Главата ѝ е свртена за речиси 180° и ѝ се гледаат очите и клунот.

Користењето на AF со откривање на очи на животни на EOS R5 овозможува вашиот фокус да е токму онаму каде што сакате, токму тогаш кога ви треба. Оваа ветрушка се сврте да погледне директно во објективот на Dani дел од секундата пред да полета, но тоа ѝ беше доволно за да ја долови оваа прекрасна слика. Снимено со EOS R5 од Canon со адаптер за монтирање објективи EF-EOS R од Canon, објектив EF 300mm f/2.8L IS II USM од Canon и додаток за продолжување EF 1,4X III од Canon со избрани 420 mm, 1/8000 сек., f/4 и ISO1000. © Dani Connor

Двајца млади, седнати, ги прилагодуваат поставките на фотоапаратот од Canon, на слика снимена одозгора.

EOS R7 од Canon може да разликува луѓе, животни и возила со неверојатна точност за откривање на субјекти. Доколку знаете дека цел ден ќе фотографирате животни, пред да започнете, изберете Animals (Животни) во менито.

AF со откривање на очи на животни е функција што EOS R7 од Canon ја наследува од други професионални фотоапарати, како што се EOS R5 од Canon и EOS R6, што ги отстранува претпоставките при фокусирање на субјекти што брзо се движат. „Го сакам режимот за откривање очи на животни на мојот EOS R5 бидејќи не само што постојано ги следи моите субјекти додека се движат, туку автоматски се фокусира на окото, што многу ми ја олеснува работата. EOS R7 има и откривање на очи на животни, што навистина ќе им помогне на оние на кои фотографирањето птици и диви животни им е новина“, вели Dani.

Апликацијата Canon Photo Companion е корисна алатка за да се справите со функциите на вашиот фотоапарат, со специфични вежби, упатства и совети за моделот на вашиот фотоапарат и нивото на вештина. „Приспособив сопствени копчиња на EOS R7“, вели Jonty, кому му беше лесно да се запознае со новиот фотоапарат. „Го поставив копчето за заклучување на експозицијата да избира фокус на животните, а потоа до половина го притиснав копчето за блендата за да се фокусира на окото. Откако ги испробав овие функции, ми се чинат неопходни за фотографирање на диви животни во иднина“.

Покрај овие придобивки, има и предности како што е фотографирањето со фотоапарат со сензор за отсекување (APS-C) како EOS R7 од Canon. Фотоапаратите со сензор APS-C овозможуваат да му се доближите на субјектот“, вели Dani. „Фотографирав со објектив EF 300mm f/2.8L IS II USM од Canon и додаток за продолжување EF 1,4X III од Canon на мојот EOS R5 од Canon, што ми даде еквивалентна фокусна должина од 420 mm, но максималниот опсег на Jonty од 150 mm се прошири на 240 mm, благодарение на факторот на отсекување од 1,6x. Беше доволно блиску за да даде неверојатни резултати од скривалиштето и навистина би бил одличен за шетање низ град или во околниот парк кога сакате да му се приближите на вашиот субјект“.

Совет број 4: Никогаш не пропуштајте снимка со секвенцијалниот режим за RAW

Ветрушка со целосно раширени крилја се подготвува да слета на дрвена прачка во поле.

Со секвенцијален режим за RAW, Dani и Jonty успеeja да доловат цела серија записи од ветрушки што од дрвото во близина слетуваат на столпчињата поставени пред нив. Штом се вратија во базата, ги одбраа своите омилени слики, како оваа, на која што ветрушката е на совршено место за раната утринска светлина да ѝ ги осветли крилјата. Снимено со EOS R7 од Canon и објектив RF-S 18-150mm F3.5-6.3 IS STM од Canon со избрани 150 mm, 1/6400 сек., f/6,3 и ISO2500. © Jonty Clark

Во затемнето скривалиште за птици, двајца млади на екранот на допир на фотоапаратот проучуваат слика од ветрушка во лет.

Jonty долови неколку неверојатни снимки тој ден и се здоби со почит кај Dani.

Dani и Jonty експериментираа со секвенцијалниот режим за RAW кога фотографираа ветрушки од скривалиштето. EOS R7 од Canon овозможува снимање 15 слики во секунда (fps) кога се користи механичка бленда, или 30 fps кога се користи електронска бленда, што е ист број на слики во секунда како филм. „Неверојатно е брз што е особено добро за птици во лет и ви овозможува да ја изберете најдобрата фотографија од секвенца“, вели Dani.

Во овој режим може да се овозможи и пред-фотографирање, што ги снима моментите половина секунда пред да се притисне блендата и ги зачувува сликите како поединечни RAW-датотеки. „Ова е одлична функција затоа што ми овозможи некако да се вратам во времето. Ветрушките беа непредвидливи, но оваа функција ми даде прилично голем простор да реагирам и да ја доловам фотографијата“, вели Jonty.

Совет број 5: Создајте сопствени можности

Момче и девојка одат еден зад друг низ поле со висока трева. Во заднина, може да се види мало скривалиште за птици.

Dani им препорачува на сите млади фотографи да побараат можност да ги следат оние со повеќе искуство. Така најбрзо се учи и е одличен начин да станете познати во индустријата.

Девојка и момче седат на трупец во шума и весело се смеат дури проучуваат екран на допир на фотоапарат.

Dani и Jonty научија еден од друг тој ден и дадоа неверојатни резултати користејќи максимум од функциите за диви животни на EOS R7 од Canon.

Мојот најголем совет за Jonty и за секој што сака да успее како фотограф на диви животни е да создава можности. Пазарот е доста заситен, но сепак е можно да се издвоите“, вели Dani. Jonty го советуваше да ги следи другите професионални фотографи за да види како работат, едноставно да праша: „Може ли да те следам еден ден за да видам што правиш?“ – и да се потсети колку е важно на своето присуство на интернет да пренесеш и дел од својата личност.

„Луѓето не ме следат поради фотографијата или затоа што сакаат да гледаат диви животни“, продолжува Dani. „Од фотографите на диви животни се очекува да снимаат добри фотографии, но јас добив следбеници затоа што луѓето сакаа да слушнат што имав да кажам. Секогаш се претставувам на видеата на YouTube бидејќи знам дека штом луѓето видат карактер, повеќе се заинтересирани за мојата содржина“.

„Многу беше добро што од Dani научив повеќе за маркетингот на фотографирањето“, вели Jonty. „Многу е застрашувачки да се гледаат портфолија на искусни фотографи кои со децении ја усовршувале својата уметност, но навистина е инспиративно кога ќе се види што постигна Dani за кратко време кога се фокусираше на црвените верверички и кога ја искористи моќта на социјалните медиуми“.

Присеќавајќи се на тој ден, Jonty вели: „Со помош на Dani и бидејќи фотоапаратот ми помогна многу лесно да ги изолирам субјектите, брзо научив да се приспособувам на средини со побрзо темпо“.

Jonty го заврши денот инспириран, со мноштво импресивни снимки за своето портфолио, додека Dani исто така доста искористи од времето поминато заедно, конкретно, го искористи максимумот од комплетот што го имате: „Мислам дека денес и јас научив нешто од Jonty“, заклучува таа. „Без разлика дали мене ме учат или јас учам некој друг, секогаш има пренос на информации“.

Напишано од Matthew Bowen

Слични производи

  • Фотоапарати без огледало

    EOS R7

    Истражете ја дивината со фотоапарат што нуди неверојатна брзина и квалитет на слика во преносливо APS-C-куќиште дизајнирано за иднината.
  • Фотоапарати без огледало

    EOS R5

    Променете ја вашата перспектива за фотоапаратите без огледало. Беспрекорните перформанси на EOS R5 ќе го подобрат начинот на кој фотографирате и снимате.
    Погледнете детали EOS R5
  • Објективи RF-S

    RF-S 18-150mm F3.5-6.3 IS STM

    APS-C-објектив од серијата EOS R со опсег на зумирање од широк агол до телефото што е совршен за фотографирање патувања, диви животни, спорт и животен стил.
  • Слични статии

  • ФОТОГРАФИРАЊЕ ДИВИ ЖИВОТНИ

    Најдобри објективи за диви животни

    Снимајте прекрасни слики од диви животни и птици со овие примарни објективи и објективи со зум.

  • ДИВИ ЖИВОТНИ

    Фотографирање птици со објективот RF 200-800mm F6.3-9 IS USM

    Професионален фотограф и ентузијаст се здружуваат за да го тестираат објективот RF 200-800mm F6.3-9 IS USM на терен.

  • ФОТОГРАФИРАЊЕ ДИВИ ЖИВОТНИ

    Совети за фотографирање диви животни

    Совети и техники со кои ќе го однесете фотографирањето диви животни на повисоко ниво и ќе извлечете максимум од вашиот фотоапарат и објективите од Canon.

  • ДИВИ ЖИВОТНИ

    Како да фотографирате птици

    Совети и најдобрата опрема за почетници за фотографирање птици.