FINE cartridges

МАСТИЛО ЗА PIXMA

КАРТРИЏИ FINE ЗА PIXMA

Инкџет картриџите FINE за PIXMA овозможуваат печатење на висококвалитетни материјали и документи со максимална ефикасност, а притоа нудат одличен квалитет и практичност од типот сѐ во едно, со вложување на минимален напор.

Зошто да ги изберете картриџите со мастило FINE?

Инкџет картриџот FINE за PIXMA од Canon содржи цела палета на бои со којашто ќе печатите материјали и документи со неверојатен квалитет. Мастилата и главата за печатење се искомбинирани во практична единица којашто може да се замени за неколку секунди. Системот на картриџи FINE нуди голема брзина на печатење за моментите кога ви е важна секоја секунда.

Canon Camera

Лесно се поставува и лесно се заменува

Системот на мастила FINE од Canon е создаден со корисникот во преден план. Во зависност од печатачот, се менуваат само една или две единици, поради што помалку време се троши на одржување, а повеќе на печатење. Резервоарот за мастило се заклучува на едноставен начин, со едно кликнување, коешто е проследено со звук или кликнување од печатачот штом резервоарот ја заземе соодветната положба. Подготвени сте да печатите!

Врвен квалитет и издржливост, независно од тежината на задачата

Системот на мастила FINE содржи мастила базирани на пигмент и на боја коишто ја користат нашата технологија ChromaLife 100. Ова значи дека отпечатените материјали ќе траат и до 100 години. Системот FINE претставува и одличен повеќенаменски печатач. Совршен е за печатење на фотографии, но и на честитки, маички и секакви модели и макети.

Canon Camera

Мастило според серија на модел

Дали ви треба помош да пронајдете мастило?

Пронајдете ги соодветните мастила, тонер или хартија за вашиот печатач од Canon.