Објективи за EOS M
Canon EF-M 11-22mm f/4-5.6 IS STM
Објектив за зумирање со извонредно широк агол, стабилизација на слика и STM, кој е одличен за фотографии и видеоснимки со пејзажи.
Систем EOS R
Отворете ги вашите хоризонти со извонреден широкоаголен објектив
Снимајте прекрасни пејзажи со овој извонреден широкоаголен објектив за зумирање од 11-22mm со EF-M приклучок. Тој е компактен, лесен и практичен за носење со компактните EOS фотоапарати, а обезбедува фотографии и видео снимки со врвен квалитет.
Погледнете ги сите спецификацииПридобивки
-
Извонреден широкоаголен објектив за зумирање од 11-22mm со EF-M приклучок
-
Објектив со компактен дизајн на вовлекување
-
Рамномерно, тивко фокусирање со STM при снимање на видео снимки
-
Динамички IS за стабилни видео снимки
-
Оптичка стабилизација на слика со 3 чекори
-
Висок квалитет на слика
-
Минимално растојание на фокусирање од 0,15m
-
Прстен за рачно фокусирање
Детални карактеристики
-
Снимајте прекрасни пејзажи
Овој извонреден широкоаголен објектив од 11-22mm за компактни EOS фотоапарати може да опфати повеќе во кадарот, така што ќе можете да снимите поголем дел од вашиот субјект во секоја снимка, а овозможува и снимање на прекрасни пејзажи, богати ентериери и фотографии со прекрасна архитектура.
-
Практичен за носење заедно со вашиот компактен EOS фотоапарат
Овој објектив, кој е практичен за носење без разлика каде одите, се одликува со компактен и лесен дизајн и се вовлекува кога не се користи.
-
Рамномерно, тивко фокусирање со STM при снимање на видео снимки
Снимањето на висококвалитетни видео снимки кои секогаш се одликуваат со остар фокус е едноставно, благодарение на режимот Servo AF за видео. Објективот користи STM технологија (чекорен мотор) за тивко и континуирано фокусирање во режим на видео, така што звукот на вашите видео снимки нема да биде нарушен додека фокусирате. Исто така, STM овозможува рамномерен фокус за да добиете висококвалитетен видео материјал.
-
Динамички IS за стабилни видео снимки
Тресењето на фотоапаратот се намалува динамички при рачно снимање на видео снимки или кога се движите за да ги следите случувањата. Динамичката стабилизација на слика може да коригира поголем опсег на движења, а со тоа го стабилизира снимањето на видео снимки додека одите.
-
Остри слики со стабилизатор на слика со 3 чекори
EF-M 11-22mm f/4-5,6 IS STM обезбедува стабилни снимки дури и при рачно фотографирање при слаба осветленост. Објективот располага со оптичка стабилизација на слика со три чекори, која го намалува тресењето на фотоапаратот во сите услови и ви овозможува да снимите врвни слики при слаба осветленост.
-
Одличен квалитет на слика
Добивањето на остри и квалитетни слики со висок контраст е гарантирано дури и кога фотографирате при слаба осветленост, благодарение на објективот со два асферични елементи и еден UD елемент. Исто така, објективите се одликуваат со Super Spectra слоеви кои придонесуваат за прецизно балансирање на боите и добивање на висок контраст, како и отстранување на одблесоците и привидните облици, со цел да добиете прекрасни слики во секакви услови на осветлување.
-
Минимално растојание на фокусирање од 0,15m
Со растојанието на фокусирање од 0,15m можете да се доближите поблиску до вашите објекти, а тоа е одлично за снимки одблиску и пејзажи. Поставете го режимот на фокусирање на AF+MF за да преминете преку параметрите на постојаниот рачен фокус, со што се овозможува прилагодување на фокусот без исклучување на режимот за автоматско фокусирање.