Објективи за DSLR

Canon EF-S 15-85mm f/3.5-5.6 IS USM

USM објектив за зумирање за општа намена со високи перформанси и стабилизација на слика, кој е идеален за фотографирање за време на патувањата.

Придобивки

  • 5,6x 24-136mm еквивалент EF-S стандарден зум објектив со високи перформанси за секаква намена

  • Стабилизатор на слика со 4 чекори

  • Автоматско откривање на поместување и статив

  • Фокусирање одблиску од 0,35m

  • UD и асферични леќи

  • Super Spectra слоеви

  • Отвор на блендата со 7 сечила

  • Изборно сенило на објектив

Детални карактеристики

  • Флексибилно широкоаголно зумирање со високи перформанси

    Со ефективен опсег на фокусни должини од приближно 24-136mm (35 mm еквивалент), EF-S 15-85mm f/3.5-5.6 IS USM е објектив кој овозможува исклучителна флексибилност со истовремено добивање слика со извонреден квалитет. Благодарение на поширокиот агол во однос на многу споредливи објективи, тој може да опфати поголем дел од сцената, додавајќи подобро чувство за простор и перспектива кај вашите фотографии.

  • Стабилизатор на слика

    EF-S 15-85mm f/3.5-5.6 IS USM е опремен со стабилизатор на слика (IS) со 4 чекори од Canon. Идеална за рачно фотографирање, функцијата за стабилизација на сликата овозможува користење на брзини на бленда кои се побавни и до 4 чекори, без да се предизвика заматување на сликата. Стабилизаторот на слика помага при фотографирање во услови на слаба осветленост или од подвижни возила.

  • Изглед кој е подеднакво добар со перформансите

    EF-S 15-85mm f/3.5-5.6 IS USM се одликува со завршна обработка со текстура за добивање на висококвалитетен изглед и чувство што одговараат на вашиот EOS фотоапарат.

  • Извонредно брзо и тивко автоматско фокусирање

    Прстенестиот USM (ултразвучен мотор) користи вибрации со ултразвучна фреквенција за поттикнување на чувствителното, речиси бесшумно автоматско фокусирање со голема брзина. Прстенестиот USM овозможува постојано рачно контролирање на фокусот без потреба од исклучување на автоматското фокусирање, за поголема практичност при користењето.

  • Super Spectra слоеви

    Елементите на објективот се третирани со Super Spectra слоеви од Canon кои го намалуваат одблесокот и ја спречуваат појавата на привидни облици – тие почесто се јавуваат кај дигиталните фотоапарати заради одбивањето на светлината од сензорот за слика. Super Spectra слоевите од Canon исто така помагаат да се постигне природен баланс на боите и зголемување на контрастот за живописни слики со висока веродостојност.

  • Креативно заматување на позадината

    Кружниот отвор на блендата со 7 сечила им овозможува на фотографите да постигнат прекрасно заматување на позадината; ова е идеално за издвојување на главниот лик од позадината.

Галерија со примероци

Погледни галерија

Слична дополнителна опрема

  • Дополнителна опрема за објективи

    Продолжителна цевка EF 12 II

    Кога се користи со одредени објективи, оваа продолжителна цевка од 12 mm овозможува фокусирање на многу помало растојание.
  • Дополнителна опрема за објективи

    Сенило за објектив EW-83E

    Спречете ја залутаната светлина да навлезе во објективот, за да не ги уништите фотографиите со несакани одблесоци.
  • Дополнителна опрема за објективи

    Капаче за објектив E-72II

    Заштитете го вашиот објектив од Canon кога не го користите.
  • Дополнителна опрема за објективи

    Капаче за објектив за заштита од прав E

    Заштитете го вашиот објектив од Canon кога не го користите.
  • Дополнителна опрема за објективи

    Филтер за кружно поларизирање PL-C B од 72 mm

    Филтер за поларизација за објективи со дијаметар на навојот на филтерот од 72 mm.
  • Дополнителна опрема за објективи

    Заштитен филтер за објектив од 72 mm

    Ги заштитува предните елементи на објективите од нечистотии и оштетувања. Одговара на објективи со навој на филтри од 72 mm.
  • Дополнителна опрема за објективи

    ND4-L 72 mm

    Кога ќе го прикачите овој филтер на завршетокот на објективот на фотоапаратот, тој ќе го намали количеството на светлина што навлегува во фотоапаратот за 2 чекори. За објективи со навој на филтри од 72 mm.
  • Дополнителна опрема за објективи

    ND8-L 72mm

    Кога ќе го прикачите овој филтер на завршетокот на објективот на фотоапаратот, тој ќе го намали количеството на светлина што навлегува во фотоапаратот за 3 чекори. За објективи со навој на филтри од 72 mm.
  • Дополнителна опрема за објективи

    Филтер за објективи за снимање одблиску 500D од 72 mm

    Се прикачува на објективот на вашиот фотоапарат, овозможувајќи ви да се доближите поблиску до малите предмети. Одговара на објективи со навој на филтри од 72 mm.
  • Дополнителна опрема за објективи

    Мека торбичка за објектив LP1116

    Protective soft case for selected EF lenses.
  • Дополнителна опрема за објективи

    Адаптер за Macrolite 72C

    Ви овозможува да ги користите блицовите Macro Twin Lite и Macro Ring Lite од Canon со објективи чиј дијаметар на навојот на филтерот изнесува 72 mm.
  • Широкоаголни објективи

    Добијте пошироко видно поле и опфатете повеќе во кадарот со нашата палета на широкоаголни објективи.
    Дознајте повеќе