Објективи за DSLR

Canon EF-S 18-55mm f/3.5-5.6 IS STM

Стандарден објектив за зумирање со достапна цена, STM и стабилизација на слика, кој е идеален за почетници со EOS фотоапарат.

Придобивки

  • Разновиден опсег на зумирање – одличен за пејзажи, портрети и патувања

  • Компактен и лесен дизајн

  • Избегнете го тресењето на фотоапаратот со оптичката стабилизација на слика со четири чекори

  • STM моторот овозможува рамномерно и речиси бесчујно фокусирање кога снимате видео снимки

  • Кратко растојание за фокусирање од 0,25m

Детални карактеристики

  • Идеален прв чекор во светот на DSLR

    Справете се со голем број објекти, почнувајќи од пејзажи па сè до портрети и динамични движења, со помош на големиот опсег на зумирање од 18-55mm. Лесната конструкција го прави одличен објектив за секојдневна употреба.

  • Зголемена острина со стабилизација на слика со четири чекори

    Оптичката стабилизација на слика го намалува ризикот од тресење на фотоапаратот, овозможувајќи рачно фотографирање во услови со недоволна осветленост без блиц. Користете брзини на бленда кои се побавни од стандардните брзини до четири пати, без да предизвикате заматување поради движењето на фотоапаратот.

  • Тивко и рамномерно фокусирање при снимање на видео снимки

    Технологијата за STM мотор овозможува речиси бесчујно фокусирање за да не се создава шум во звукот на вашите видео записи, а овозможува и рамномерно и прецизно подесување додека снимате.

  • Дизајнирани за одлично фотографирање

    Фокусирајте мали објекти, со најмало растојание на фокусирање од само 0,25m. Предниот елемент кој не ротира овозможува едноставно користење на филтри, а прстенот за рачно фокусирање овозможува рачно преминување на параметрите на фокусот во секое време.

  • Одличен квалитет на слика, независно од објектот

    Слоевите Super Spectra се користат за намалување на одблесоците и зголемување на острината, додека решетката со седум сечила овозможува рамномерно дефокусирање за да добиете резултати кои изгледаат поприродно.

Слична дополнителна опрема

  • Дополнителна опрема за објективи

    Продолжителна цевка EF 12 II

    Кога се користи со одредени објективи, оваа продолжителна цевка од 12 mm овозможува фокусирање на многу помало растојание.

  • Дополнителна опрема за објективи

    Продолжителна цевка EF 25 II

    Кога се користи со одредени објективи, оваа продолжителна цевка од 25 mm овозможува фокусирање на многу помало растојание.

  • Дополнителна опрема за објективи

    Lens Hood EW-73C

    Спречете ја залутаната светлина да навлезе во објективот, за да не ги уништите фотографиите со несакани одблесоци.

  • Дополнителна опрема за објективи

    Капаче за објектив E-58II

    Заштитете го вашиот објектив од Canon кога не го користите.
  • Дополнителна опрема за објективи

    Капаче за објектив за заштита од прав E

    Заштитете го вашиот објектив од Canon кога не го користите.
  • Дополнителна опрема за објективи

    Филтер за кружно поларизирање PL-C B од 58 mm

    Филтер за поларизација за објективи со дијаметар на навојот на филтерот од 58 mm.
  • Дополнителна опрема за објективи

    Заштитен филтер за објектив од 58 mm

    Ги заштитува предните елементи на објективите од нечистотии и оштетувања. Одговара на објективи со навој на филтри од 58 mm.
  • Дополнителна опрема за објективи

    ND4-L 58mm

    Кога ќе го прикачите овој филтер на завршетокот на објективот на фотоапаратот, тој ќе го намали количеството на светлина што навлегува во фотоапаратот за 2 чекори. За објективи со навој на филтри од 58 mm.
  • Дополнителна опрема за објективи

    ND8-L 58mm

    Кога ќе го прикачите овој филтер на завршетокот на објективот на фотоапаратот, тој ќе го намали количеството на светлина што навлегува во фотоапаратот за 3 чекори. За објективи со навој на филтри од 58 mm.
  • Дополнителна опрема за објективи

    Филтер за објективи за снимање одблиску 250D од 58 mm

    Се прикачува на објективот на вашиот фотоапарат, овозможувајќи ви да се доближите поблиску до малите предмети. Одговара на објективи со навој на филтри од 58 mm.
  • Дополнителна опрема за објективи

    Мека торбичка за објектив LP1016

    Заштитна мека торбичка за одредени EF објективи.
  • Дополнителна опрема за објективи

    Адаптер за Macrolite 58C

    Ви овозможува да ги користите блицовите Macro Twin Lite и Macro Ring Lite од Canon со објективи чиј дијаметар на навојот на филтерот изнесува 58 mm.