Canon Серија MAXIFY MB2750

Целосен сè-во-едно уред за домашната канцеларија.

Canon Camera

Придобивки

  • Реална продуктивност: 24 црно-бели слики/мин., 15,5 слики/мин. во боја
  • Поврзување преку Wi-Fi и LAN за печатење и скенирање
  • Печатете од и скенирајте кон Cloud услуги
  • Потрошувачка на мастилата од 1.200 црно-бели страници и 900 страници во боја
  • Голем капацитет за хартија од 500 листови и ADF за 50 листови

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon MB2750 од серија MAXIFY

  • За домашни канцеларии на кои им е потребна продуктивност

    Уред за печатење, скенирање, копирање и праќање факс со многубројни функции, дизајниран за домашни канцеларии. Со голема касета за хартија од 500 листови и механизам за автоматско снабдување со документи за 50 листови, MB2750 од серијата MAXIFY на Canon печати неверојатни материјали со длабоки и густи црни тонови, живописни бои и остар текст со помош на своите DRHD мастила отпорни на маркери и триење. Овој квалитет не влијае негативно врз брзината: печатете A4 документи со неверојатна брзина од 24 слики/мин. во црно-бел формат и 15,5 слики/мин. во боја, со потребно време до излегување на првата страница (FPOT) од само 6 секунди.

  • Минимални работни трошоци

    Од мала потрошувачка на енергија од само 0,2 kWh (TEC) до поединечно заменливите картриџи со бои - економичноста е приоритет. Црните картриџи овозможуваат ISO потрошувачка од 1.200 страници, а картриџите во боја - 900 страници. Изборниот мултикомплет со 4 бои содржи цел комплет резервни мастила кои уште повеќе ја зголемуваат вредноста.

  • Дизајниран за продуктивност

    Двостраното печатење и поддршката за различни видови и големини на хартија, почнувајќи од обична A4 хартија па сè до етикети, пликови, фотохартија и двострано копирање на документи за идентификација, овозможуваат едноставно извршување на секојдневните задачи за печатење во канцеларијата. Печатењето, копирањето, скенирањето и праќањето факс се врши со само неколку допири, благодарение на TFT екранот на допир во боја од 7,5 cm (3”) со многу брз одзив и подобрен интерфејс.

  • Поддршка за мобилни уреди, поддршка за Cloud и подобрување на работните процеси

    Поддршката за апликациите Apple AirPrint (iOS), Mopria и Canon PRINT овозможува брзо и едноставно печатење и скенирање од мобилни уреди. Можете да печатите од Cloud и да скенирате и зачувувате документи во услугите Cloud. Во поддржаните услуги спаѓаат Google Drive, Dropbox, Evernote, OneNote, OneDrive и Concur. Режимот на вградена пристапна точка им овозможува на корисниците на паметни уреди да се поврзат со печатачот без Wi-Fi мрежа.

  • Можност за одржување и сеопфатно следење

    Функцијата за филтрирање IP адреси нуди опции за ограничување на пристапот и можност за пристап само на одреден број корисници, а поддршката за SMTP е-пошта овозможува безбедно скенирање кон е-пошта. Постојат и многубројни дополнителни опции кои им овозможуваат на администраторите на системот да го конфигурираат печатачот и да ограничуваат одредени постапки на брз и едноставен начин, како што е скенирањето кон USB уреди.

  • Интеграција во мрежи

    ИТ менаџерите и администраторите на системите ќе можат да ја искористат компатибилноста на MB2750 од серијата MAXIFY на Canon со Simple Network Management Protocol (SNMP), за полесно управување со уредите и полесна интеграција во постоечките мрежи во канцелариите. SNMP нуди многубројни функции за следење и одржување, меѓу кои и нивоа на мастилата, статус на грешка и број на страници.

Спецификации

  • Време за печатење на првата страница од 6 секунди

  • Автоматско копирање на повеќе страници

  • Безжично користење и споделување

  • Продуктивно ракување со хартијата

  • Екран на допир од 7,5 cm (3”) кој е практичен за користење

  • Вчитување документи на Cloud услуги*

  • Можност за поврзување на паметен телефон и таблет уред

  • Ефикасни XL мастила

Што содржи кутијата

  • MB2750 од серија MAXIFY

  • Кабел за напојување

  • Однапред поставени резервоари со мастило

  • CD диск за поставување за Windows (драјверите за Mac се достапни на интернет)

  • Прирачници

  • Кабел за факс/телефонска линија