Canon Серија MAXIFY MB5150
Издржлив повеќефункционален инк-џет печатач во боја со поддршка за поврзување со мобилни уреди и со Cloud.
Создаден за продуктивност, перформанси и сигурност.
Повеќефункционален инк-џет печатач, скенер, копир и факс во боја за обемно користење, со поддршка за мобилни уреди и Cloud услуги, голема брзина на црно-бело печатење од 24 слики/мин. и едноставна интеграција во мрежа.
Погледнете ги сите спецификацииПридобивки
-
Fast productivity at 24 ipm mono, 15.5 ipm colour
-
Wireless printing for smartphones and tablets
-
Cloud connectivity: scan to cloud or email
-
High ink yields: 2,500 mono/1,500 colour pages
-
Large 250-sheet capacity and 50-sheet D-ADF
Детални карактеристики
-
Мала канцеларија, огромна продуктивност
Уред за печатење, скенирање, копирање и праќање факс со многубројни функции, дизајниран за помали канцеларии на кои им е потребно црно-бело печатење и печатење во боја со голем квалитет, а воедно и економично користење. DRHD мастилата со пигмент кои се отпорни на маркери и триење создаваат нагласени црни тонови, длабоки бои и остар текст. MB5150 од серијата MAXIFY на Canon печати A4 документи со неверојатна брзина од 24 слики/мин. во црно-бел формат и 15,5 слики/мин. во боја, со потребно време до излегување на првата страница (FPOT) од само 6 секунди, а двостраното скенирање во едно поминување овозможува брзо скенирање како никогаш досега.
-
Извонредна економичност при печатењето
Од мала потрошувачка на енергија од само 0,2 kWh (TEC) до поединечно заменливите картриџи со бои - економичноста е приоритет. Црните картриџи овозможуваат ISO потрошувачка од 2.500 страници, а картриџите во боја - 1.500 страници, што значи дека вработените во вашата канцеларија ќе работат со помалку прекини. Изборниот мултикомплет со 4 бои нуди уште поекономично печатење.
-
Зголемена продуктивност и лесно користење
Печатењето, копирањето, скенирањето и праќањето факс е едноставно со помош на големиот TFT екран на допир во боја од 8,8 cm (3,5”) и подобрениот кориснички интерфејс на MB5150 од серијата MAXIFY на Canon. Освен со механизам за снабдување со голем капацитет од 250 листови и механизам за автоматско снабдување со документи за 50 листови, печатачот се одликува и со двострано печатење и поддршка за различни видови и големини на хартија – од обична A4 хартија, па сè до етикети, пликови, фотохартија и двострано копирање на документи за идентификација – кои овозможуваат едноставно извршување на секојдневните задачи за печатење во канцеларијата.
-
Поддршка за мобилни уреди, поддршка за Cloud и подобрување на работните процеси
Поддршката за апликациите Apple AirPrint (iOS), Mopria и Canon PRINT овозможува брзо и едноставно печатење и скенирање од мобилни уреди. Печатете од Cloud и скенирајте и зачувувајте документи во популарните Cloud-услуги како Google Drive, Dropbox, OneNote, OneDrive и Concur. Режимот на пристапна точка им овозможува на корисниците на мобилни уреди да се поврзат со печатачот без Wi-Fi мрежа.
-
Можности за одржување и сеопфатно следење
Функцијата за филтрирање IP адреси овозможува доделување пристап само на одреден број корисници, а поддршката за SMTP е-пошта овозможува безбедно скенирање кон е-пошта. Администраторите на системот можат да го конфигурираат печатачот и да ограничуваат одредени постапки на брз и едноставен начин, како што е скенирањето кон USB уреди.
-
Мрежна интеграција без напор
Компатибилноста со Simple Network Management Protocol (SNMP) овозможува едноставна интеграција на печатачот во постоечката мрежа во канцеларијата. Стандардот SNMP нуди многубројни функции за следење и одржување, меѓу кои и нивоа на мастилата, статус на грешка и број на страници.
Спецификации
-
Време за печатење на првата страница од 6 секунди
-
Скенирање на двете страни на документот
-
Автоматско копирање на повеќе страници
-
Безжично користење и споделување
-
Продуктивно ракување со хартијата
-
Екран на допир од 8,8 cm (3,5”) кој е практичен за користење
-
Вчитување документи на Cloud услуги
-
Можност за поврзување на паметен телефон и таблет уред
Што содржи кутијата
-
Серија MAXIFY MB5150
-
Кабел за напојување
-
Однапред подесени резервоари со мастило
-
CD диск за поставување за Windows (драјверите за Mac се достапни на интернет)
-
Прирачници
-
Кабел за факс/телефонска линија