MAXIFY GX2040

Печатачи за мали канцеларии

Canon MAXIFY GX2040

Донесете го канцелариското доживување дома со овој компактен 4-во-1 печатач MegaTank. Брзо печатете голем обем висококвалитетни деловни документи со достапна замена за шишињата со мастило.

Главни придобивки

  • Продуктивност со канцелариски квалитет во домот

    Печатете деловни документи со голема брзина до 15 слики/мин. (црно-бело) и 10 слики/мин. (во боја)1 или скенирајте директно кон мрежни папки и е-пошта за вашите колеги да можат брзо да пристапат до нив.

  • Се вклопува во вашиот живот

    Поставете го печатачот во компактен простор или до ѕидот поради дизајнот за целосно користење од предната страна за лесен пристап. Едноставен за користење со LCD-екран од 2,7" што се закосува, статусно светло и интуитивен UI.

  • Печатете, скенирајте и копирајте без пауза

    Автоматско 2-страно печатење без здодевно дополнување хартија поради предната касета со 250 листови. Со картриџ за одржување што може да се замени од корисникот, можете да гарантирате дека вашиот работен процес никогаш нема да биде прекинат.

  • Шишиња со мастило по достапна цена

    Економични шишиња што може да се дополнуваат, поради кои печатењето во голем обем е достапно. Печатете до 3.000 листови од едно шише со црно мастило или најмногу 3.000 листови од целосен комплет мастила.2

  • Издржливи отпечатени материјали со деловен квалитет

    Уживајте во отпечатени материјали со деловен квалитет со одлична читливост и отпорност на избледување, вода, маркери и префрлување, испорачани брзо и во голем обем.

  • Едноставно и безбедно

    Одржувајте ја безбедноста на вашите најважни податоци со едноставни безбедносни поставки што се лесни за управување и може без напор да се приспособат кон вашето опкружување.

  • Спецификации

    • Повеќефункционални

      Wi-Fi, печатење, скенирање, копирање, испраќање по факс и Cloud

    • ADF

      Автоматски механизам за снабдување со документи, за 35 листови

    • Технологија за печатење

      Печатач со резервоари за мастило што се дополнуваат

    • Големи брзини на печатење

      15 слики/мин. (црно-бело); 10 слики/мин. (во боја)

    • Потрошувачка на страници

      3.000 страници (црно); 3.000 страници (во боја)

    • Екран

      LCD-екран на допир од 2,7”

    • Поврзување

      USB, Wi-Fi и етернет

    • Капацитет за обична хартија

      Касета за 250 листови

    MAXIFY GX2040

    Што содржи кутијата

    • MAXIFY GX2040

    • 4 шишиња со мастило за голема потрошувачка (1 x црна боја и 1 x C/M/Y)

    • Кабел за напојување

    • Упатства и други документи

    • CD-ROM за поставување (CD само за Windows)

    Слични производи

  • Печатачи за мали канцеларии

    MAXIFY GX1040

    Бидете продуктивни во домот со овој брз, компактен, практичен и економичен 3-во-1 печатач со резервоари за мастило што се дополнуваат.
  • Печатачи MegaTank

    MAXIFY GX3040

    Малиот 3-во-1 деловен печатач што овозможува огромна заштеда
  • Печатачи MegaTank

    MAXIFY GX4040

    Малиот 4-во-1 деловен печатач што овозможува огромна заштеда
    1. Брзината на печатење A4 документи на обична хартија се мери врз основа на просекот од ESAT во тестот за категорија канцеларии со ISO/IEC 24734 стандард.
    2. Потрошувачката на страници претставува вредност што е пресметана врз основа на посебен метод за тестирање на Canon, користејќи ја симулацијата за континуирано печатење и табелата ISO/IEC 24712 со резервни резервоари за мастило по почетното поставување.
    3. Сите податоци се основаат врз стандардните методи за тестирање од Canon, освен ако не е поинаку назначено.
      Подлежи на промена без претходно известување.